Марија Андреева
Марија (Накова) Јованова Андреева ( 1883 во Велес — во Велес) — учесник во НОВ на Македонија, мајка на револуционерот Бане Андреев.[1]
Животопис
уредиУчествувала вo НОД од април 1941 година. За време на окупацијата на Македонија, живеела во Скопје. Чувала илегалци - познати партиски раководители. За време на одржувањето на состаноците во нејзиниот дом чувала стража. По барање на партиската организација оди во Охрид и интеревенирала кај некои граѓани да покренат акција за спасување на Лазар Колишевски. Во текот на 1943 година била испратена во Битола да го посети својот син Бане Андреев и да му пренесе некои пораки од организацијата во Скопје.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |