Марица (бугарски: Автомагистрала „Марица“) е автопат во Бугарија, кој ги поврзува патниот јазол Оризово (со автопатот Тракија) со граничниот премин Капитан Андреево на бугаро-турската граница. Автопатот го носи името на реката Марица во близината на која минува трасата на автопатот.

Сообраќајна карта на Бугарија.

Планираната должина на автопатот „Марица“ e 117 километри, од кои до 2015 година 32 километри се во изградба. Автопатот е гранка на автопатот „Тракија“, како „Марица“ започнува источно од Пловдив при сообраќајниот јазол Оризово во близината на Чирпан и завршува при Капитан Андреево. Планираниот датум на завршување на автопатот е 2015 година. Европската унија се согласила да обезбеди финансирање, што е потребно за завршување на овој проект уште во ноември 2007 година.[1] Трасата на автопатот се гради напоредно на постоечкиот европски пат Е-80, кој претежно е двулентов и презема целиот сообраќај за Турција и Блискиот Исток. Завршувањето на автопатот „Марица“ ќе обклекчи сообраќајот во тоа правец.

Наводи

уреди
  1. „Bulgaria: EU Approves Bulgaria's Major Operative Programs“. Novinite.com. 7 November 2007.

Поврзано

уреди