Марина Павловна Чечнева (руски: Марина Павловна Чечнева; 15 август 1922 - 12 јануари 1984) беше советски пилот на По-2 и командант на скадрила во Втората светска војна. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 15 август 1946, по завршени 810 летови за време на војната.[1] Чечнева е автор на пет книги за нејзиното искуство за време на војната.[2]

Марина Чечнева
Изворно имеМарина Павловна Чечнева
Роден15 август 1922
Протасово, Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република
Починал12 јануари 1984 (61 година)
Москва, СССР
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1942-1948
ЧинМајор
Единица46. Гарда на ноќен бомбашки полк
Битки/војниВтора светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз
Друга дејностАвтор

Цивилен живот уреди

Чечнева е родена во работничко семејство на 15 август 1922 во селото Протасово во Малоархангелската област на Орелскиот регион и ги поминува нејзините први пет години во таа пуста област во Северна Русија. Во 1934 нејзиното семејство се преселува во Москва. На шеснаесет години, Чечнева се запишува во летечкиот клуб Осовиахим, каде учи летање. Но, нејзината цел е да стане професионален пилот. Оваа амбиција е охрабрена од нејзиниот татко, забранета од нејзината мајка, а поддржана од најзиниот инструктор за лет во клубот, Валерија Хомијакова, која исто така е и познат борбен пилот. Сепак, Марина станува инструктор пилот во Централниот летечки клуб во Москва помеѓу 1939 и 1941. Станува член на Комунистичката Партија во 1942.[3]

Кариера во Втората светска војна уреди

При германската инвазија на Советскиот Сојуз во јуни 1941 година, клубот се евакуира во Сталинград. Во октомври 1941, Чечнева добива дозвола да се придружи кон женската воздухопловна група формирана од страна на Марина Раскова. По завршување на дополнителни обуки на военото воздухопловно училиште Енгелс, доделена е на 588. Ноќен бомбашки полк како пилот на авионот По-2. Овој полк подоцна е признат како гарда и преименуван во 46. Гарда на ноќен бомбашки полк. Во 1942, Чечнева е унапредена и го добива чинот командант на лет. Поради нејзините подвизи во Битката за Кавказ, го добива Орденот на Црвеното Знаме на 27 септември 1942 година. Кон крајот на летото 1943, Марина го добива чинот на командант на скадрила и продолжува со бомбашките мисии, но и со обука на други војници. По учествувањето во мисиите за Кримскиот Полуостров, Белорусија и Источна Прусија, Чечнева добива втор Орден на Црвеното Знаме. Кон крајот на војната, се бори над Полска и се наоѓа во градот Швинојушче кога е прогласена победа над силите на Оската; Чечнева останува на кратко во Полска по распуштањето на полкот. За време на војната прелетува 810 бомбашки мисии во над 1000 часови лет во кои исфрла 150 тони материјал, уништувајќи шест магацини, пет моста, четири противвоздухопловни артилериски батерии, четири рефлектори и воз, додека исто така обучува 40 навигатори и пилоти за војната.[4]

Подоцнежен живот уреди

По војната, во ноември 1945 година, Чечнева се мажи за воен пилот и исто така Херој на Советскиот Сојуз, Константин Давидов. Семејството се враќа во Советскиот Сојуз во 1948 година, две години по раѓањето на нивната ќерка Валентина во 1946. Во 1949 година, нејзиниот сопруг кој работи за ДОСААФ, загинува во авионска несреќа додека лета од Ленинград до Калинин. Закопан е на Новодевичиските гробишта. Истата година, Чечнева поставува нов рекорд за постигнување најголема брзина со авионот Јак-18 и го добива признанието Почесен Мајстор на Спортот на СССР. Подоцна станува пилот со сертификат на авионите Јак-3, Јак-9, Јак-11 и Јак-18T. Исто така станува водач на женски спортски воздухопловен тим што лета на паради, но поради здравствени причини Чечнева престанува да лета во 1956 година. Во 1963 година дипломира на ЦПСУ Централниот Комитет на високо партиско училиште. Подоцна станува член на неколку комитети, вклучувајќи го Президиумот на Централниот Комитет на ДОСААФ, Президиумот на Советскиот Комитет на воени ветерани, Комитетот на советски жени, а станува и заменик претседател на Централниот Одбор на советско-бугарското пријателско друштво. Исто така пишува неколку книги и мемоари за нејзините искуства во Втората светска војна. Умира во Москва на 21 јануари 1984 и е закопана на Кунцевските гробишта. Нејзиниот некролог е ставен во советскиот воен весник „Краснаја Ѕвезда“ (Црвена Ѕвезда). Постојат улици во Орел и Кача кои го носат името на Марина Чечнева.[5][6][7]

Книги уреди

  • „Авионот полетува во ноќта“ (1962)
  • „Моите пријатели соборци“ (1975)
  • „Небото останува наше“ (1976)
  • „Приказната на Женја Руднева“ (1978)
  • „Ластовици над фронтот“ (1984)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Sakaida, Henry (2003). Heroines of the Soviet Union (1941-1945). Oxford, UK: Osprey Publishing. стр. 54. ISBN 1-84176-598-8.
  2. Frank Biess, Robert G. Moeller: Histories of the Aftermath: The Legacies of the Second World War in Europe
  3. Pennington, Reina (2003). Amazons to Fighter Pilots: A Biographical Dictionary of Military Women. Westport, CT: Greenwood Press. стр. 90. ISBN 0313327076.
  4. Ufarkin, Nikolai. „Чечнева Марина Павловна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-03-19.
  5. „Чечнева Марина Павловна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-03-20.
  6. Некролог в газете «Красная звезда», 15.01.1984.
  7. „Чечнева Марина Павловна (1922-1984)“. letunij.narod.ru. Посетено на 2018-03-20.