Марика Алчинова ( 1924 во Конско — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Учествувала во народноослободителното движење во селото од летото 1943 година како органзирана младинка. Собирала народна помош, плетела топла облека за борците во НОВ. По запалувањето на селото од бугарскиот окупатор, била протерана во селото Мрзенци, Гевгелиско и била под постојано набљудување на бугарската полиција. Во август 1944 година се приклучила на единиците на НОВ, како борец во Деветтата македонска ударна бригада, но наскоро била повлечена за работа во заднината.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 972.