Маргаретен
Маргаретен Margareten | |
---|---|
Податоци | |
Површина: | 2,03 км2 |
Население: | 52 548 (2001) |
Густина: | 25 885 ж/км² |
Градоначалник: | Курт Вимер (АСДП) |
Мрежно место: | www.wien.gv.at/margareten |
Маргаретен (на германски: Margareten) e петтиот округ на главниот град на Австрија, Виена. Округот се наоѓа во внатрешната страна на виенскиот појас. Од 1861 година, округот е одвоен од Виден, прогласен и уреден како самостоен округ. Претставува густо населено подрачје со многу малку зелени површини. Маргарет е разгледуван како работен округ и располага со многубројни објекти кои му припаѓаат на градот. Процентот на население со странско државјанство, според податоците од 2001 година во Маргарет изнесува 23,2%, што за 6% поголемо од просекот во цела Виена. Притоа, 7% од населението имало српско и црногорско државјанство, додека 4,4% биле турски државјани. Следуваат Бошњаците со 2,3%, како и Хрватите и Германците со процент од 1 до 1,5. Вкупно, 32% од населението на округот е родено во друга земја. Само 64,4% од населението го има германскиот јазик за мајчин, потоа 13% зборуваат српско-хрватски, 7,6% турски, 1,1% унгарски.[1]