Маракас (Итал. La maraca; франц. Les maracas; герм. Maracas; рус. Мара́кас- /мара́ка; англ. Maraca.) понекогаш наречени румба шејкер или чак-чак,[1] е кубански фолклорен инструмент кој се користел при игри и танци (румба, фокстрот, танго). Подоцна инструментот влегува во составите на естрадните оркестри и се распространува на сите страни, а постепено го пробива патот и во симфонискиот оркестар.[2] Се појавуваат и во многу жанрови на карипската и латинската музика.

Маракас
Класификација

Инструментот марака вообичаено се користи во пар – по еден во секоја рака. Звукот на овие инструменти кои водат потекло од Латинска Америка, се добива со нивно отсечно тресење во ритам или подолготрајно во вид на тремоло. Инструментот е направен од тиква, дрво или пластични школки исполнети со семе, а современите, фабричките се изработени од алуминиум и дрво, со пречник од 5 до 15цм. Мараката е, всушност, еден вид штракало, кое во фолклорната традиција на одредени земји од овој континент доживува разновидни варијанти (на пр., кубанската претставува еден вид тиква чија шуплина е исполнета со ситни зрна или каменчиња) [3]. Генерално принципот на штракалата е еден од прастарите начини за произведување разновидни звуци и шумови, па оттука неговата голема застапеност во инструментариумот на примитивните народите и старите култури. Еден од инструментите кој е заснован на овој принцип е систрумот, за кој се смета дека води потекло од Стариот Египет, но многу рано се проширува и на Блискиот Исток и во средоземните земји.

Обредна традиција

уреди

Маракас (од гварански mbaracás),[4] исто така познати како тамаракас, биле ѕвечарки за гатање; гатачки инструмент на бразилските Индијанци Тупинамба, пронајден и кај други индиски племиња (Гарифуна, Гварани) и на Ориноко и на Флорида. Ѕвечарките направени од лејката на тиква, имаат природна дршка, додека кај кружните тикви дршката се доправа.[5] Човечка коса понекогаш е прицврстена на врвот, а во неа се сече процеп за да претставува уста, преку која нивните шамани (паје) ја терале да ги изговори своите одговори. Внатре се вметнати неколку камчиња за да се добие звукот и се крунисува со црвените пердуви на guarás (црвен ибис). Секој човек имал своја марака. Се користела на нивните танци и за лекување на болни.[6] Андејските курандероси (исцелители) користат марака во своите обреди за лекување.[7]

Современите топки од марака се исто така изработени од кожа, дрво или пластика.[8]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Mendes, John (1976). Cote ce Cote la: Trinidad and Tobago Dictionary. Arima, Trinidad: Syncreators. стр. 135.
  2. Абрашев, 1995 година, стр. 212
  3. Despić, 1979 година, стр. 390
  4. Antonio Ruiz de Montoya (1876), Vocabulario y tesoro de la lengua Guarani (ó mas bien Tupi), 2, Frick, стр. 212b
  5. Julian H. Steward, уред. (1948), Handbook of South American Indians, 3, U.S. Government Printing Office, стр. 43, 129, 238
  6. Robert Southey (1810), History of Brazil, 1, Longman & Hurst, стр. 187–188, 635 Note: guarás is spelled idiosyncratically as "goaraz" in this historical source.
  7. Federico Kauffmann Doig (2005), Lindsay Jones (уред.), Encyclopedia of Religion, 13 (2. изд.), Gale, стр. 8599–8605, ISBN 0-02-865982-1
  8. Blades, James (1992). Percussion instruments and their history (Rev.. изд.). Westport, Conn.: Bold Strummer. ISBN 0-933224-61-3.