Румба е семејство на перкусивни ритми, песни и танцови, кои имаат потекло од Куба, како комбинација на музичките традиции од Африканците, донесени во Куба како робови и од шпанските колонизатори. Името потекнува од кубанско-шпанскиот збор rumbo што значи „забава“. Нема никакви врски со религијата.[1] Ритмички, афро-кубанската фолклорна румба се заснова на рамка од 5 удари, наречена clave.[2] Карлос Видал Боладо, или попознат само како Карлос Видал, е првиот кој снимил типична фолклорна румба. (Ritmo Afro-Cubano SMC 2519-A и 2520-B, околу 1948).[3]

Румба

Терминот се раширил во 1930-те и 1940-те за брзата популарна музика од Куба, каде што беше термин кој беше употребуван за повеќе видови музика, како што е салсата денес. Исто така, овој термин се користи и во меѓународниот силабус, а музиката за побавен ритам се нарекува болеро-сон. Африканскиот стил на поп-музика е наречен африканска румба или „сукус“.

Терминот денес се користи и за популарната музика која потекнува од Шпанија, како дел од т.н. Cantes de ida y vuelta, или музика која се развила помеѓу двете страни на Атлантикот. Фламенко румбата е сосема различна музика од Кубанската румба.

Типови уреди

  • Кубанска румба, перкусија, песни и танцувачки стилови, чие потекло го должат на африкансите робови во Куба.
  • Румба (танц), интернационален стил на танцување кој одговара на побавната кубанска музика, како што е болерото.
  • Каталонска румба, е жанр на музика која се развила кај барселонската романска заедница.
  • Фламенко румба, стил на фламенко музика од Шпанија, исто така позната и како Циганска румба.
  • Африканска румба, инспирирана од некој кубанска музика, стил на музика која потекнува од Конго и се развила во сукус музика.

Историја уреди

Кубанската музика е разнолика во стилот и потеклото, кое е од повеќе култури. Во оваа област на кубанска музика, румбата е генериран термин покривајќи вариетет од музички ритми и танци. Во овој стил, вклучува комбинација на музика и танцување, вокална и ритмичка импровизација.[4] Ова вклучува и нежна комбинација на музика, танц и поезија за да се произведе уникатен звук и танц.[5]

Румбата е понекогаш опишана и како фолклорна музика и комплексна комбинација на танцови. Ова е заради тоа што румбата има влијание од музиката и културите претставени од Африканците, кои биле донесени од шпанските колонизатори во Куба за да бидат робови. Мешањето на овие две култури, помежу другите кои дошле подоцна, произвеле длабоко вкоренети луѓе. Иако ритмите имаат јасен африкански корен, сепак музичката рамка се заснова главно на музичките традиции на Шпанија. Неколкуте стилови на румбата ги развиваат мелодиите, рамките и инструментализацијата од seguidillas, copla, peteneras, jotas, soleares, malagueñas, isas, folías и други слични танцови.

Африканците кои биле донесени за да бидат робови имале култура и историја , кои понатаму биле измешани со културите и историите на местата каде тие биле носени. Африканските почетоци на румбата можат да се најдат во два подоцнежни танци со потекло од Банту. Значајните влијанија биле од двата танци „Јулеа“ и „Макута“, односно од нивниот стил на танцување.[5] Луѓето со Африканско потекло од Хавана и Матанзас го користеле зборот румба како синоним за забава.[6] Понатаму овој збор почнал да биде употребуван за да се означи забава, но во истовреме да означува и дефиниран кубански жанр на музика и многу специфична форма на танцување.[7] Старото значење на зборот сè уште се користи во Колумбија, каде ir de rumba значи да се биде излезен цела ноќ и да се лудува.

Во румбата има танцувачки потег каде двојката која танцува се приближува толку блиску еден до друг и потоа нагло се разделува. Ова е сличен потег како оној од танцот на Сара луѓето кои живееле во Нигерија. Во румбата се работи само за еден пар, двојка, додека Сара луѓето го изведувале овој танц во кој на едната страна имало редица од момчиња, а на другата имало редица од девојчиња. Така наредени во две редици, се движеле една редица кон друга, и кога ќе дошле многу блиску, се разделувале повторно, и повторно ги повторувале овие чекори. Овој чекор донесен од робовите беше прифатен и сега е дел од кубанската култура.[8]

Појавувајќи се во средината на 19. век од граничните делови на Хавана и Матанзас, оваа музика заснована на перкусии не бее широко прифатена. Како енергичен афро-кубански танц, румбата често била задушувана и забрануувана, затоа што на неа се гледало како на опасна работа. Заради ова, кога румбата првпат се појавила, се изведувала приватно, односно зад затворени врати.

„На почетокот, првите инструменти кои се користеле за да се изведува румбата, биле обични предмети од домаќинството. Едната страна на кујната, или некоја лимена преграда, служела како замена на првиот помошен тапан, а некоја маса служела како првичен водечки тапан, и две лажици кои служеле за свирење на „каскарата“, со кои се тропало на било што, што се чинело задоволувачки за производство на тој звук.“ Пењалоса.</ref>

Во 1920-те и 1930-те, интелектуалното движење познато како Афрокубанизмо и даде корени на традиционалната румба.[9] Кога се појави ова движење, им ја отвори вратата на африканските танцови, начин на живеење и изразување. Румбата сè повеќе беше прифатена од страна на Кубанците и стана одлика и дел од културното изразување на кубанските луѓе. Во исто време, овозможи подлога за јавно изразување на оние кои до тогаш не беа застапени во медиумите, Афрокубанците. До тогаш, белците ја имаа скоро целата, ако не и целата контрола врз било кои средства за изразување. Отвореното играње на румбата до негде им овозможи, односно им поврати малку од контролата и на Афрокубанците. Било означено и посебно место за играње на румбата, каде можеле да се среќаваат поробените и слободните црнци. Сепак, поробените црнци можеле да одат само доколку нивната работа е завршена, а додека слободните имале помалку забрани.

Афро-кубанската румба, развиена во руралните делови на Куба, сè уште се слуша и се игра во Хавана, Матанзас и други кубански градови, како и рурални области, посебно оние каде имало голем процент на населението кое било африканско, иако сега се заразува со влијанијата на џезот и хип-хопот.

Кубанската румба може да се подели во три основни типа Yambú, Columbia, and Guaguancó. Yambú е најстариот и најбавниот стил кој постои. Guaguancó е најпопуларниот стил кој постои. Овој стил може да биде слушнат во песни како на пример "Quimbara" од Селија Круз. Овој стил е за двојки и симболира флертување со сексуална конотација.

„Момчето се обидува периодично да ја фати девојката со еден потег и да ја доближи најблиску што може до себе. Овој потег се нарекува vacunao што значи вакцинирање или инјектирање, гест кој е инспириран од јакута и макута, симболизирајќи сексуална пенетрација. Ова движење може да се направи со еден единствен потег на раката или стапалото. Држејќи се за двата краја од нејзиното здолниште, додека во истовреме заводливо го движи горниот и долниот дел од своето тело одделно, во спротивно движење, девојката го отвора и затвора своето здолниште во ритмичко движење. Момчето се обидува да ја освои девојката со своите чекори, акцентирајќи го „кинтото“, сè додека не се најде во состојба да ја „инјектира“ девојката. Девојката реагира брзо, со тоа што се свртува на другата страна, затворајќи го своето здолниште, или покривајќи се со дланката, симболично го блокира инјектирањето. Во поголемиот дел од танцот момчето не успева да ја фати девојката. Танцот се изведува со доро развиен хумор“ – Пењалоса.

„Јас сум роден во Симпсон соседството. Таму имате румба за ручек и румба за вечера..., така што, мора да научите румба... Млади или стари, со голема почит и воодушевување. Тоа претставува еден начин на живот. Со други зборови ние сме родени со румбата и ќе умреме со румбата.“ – Чача Вега.

Јамбу е исто така, танц за двојка, иако е со многу побавен ритам. Колумбија е брзо и многу акробатско соло танцување што се изведува од страна на машки танчер. Главната разлика помеѓу овие типови на танци е кореографијата и темпото на музиката.

Песната на кубанската румба почнува со солист кој изговара неколку бесмислени слогови кои се нарекуваат „дијанас“. Момчето пејач и танчер понатаму може да импровизира текст, кажувајќи ја причината за румбата што ја игра моментално, или пак, некои пред тоа утврдени зборови од песни како: "Ave Maria Morena" (Yambú, Anónimo), "Llora Como Lloré" (Guaguancó, S. Ramirez), "Cuba Linda, Cuba Hermosa" (Guaguancó, R.Deza), "China de Oro (Laye Laye)" (Columbia), "Malanga (Murió)" (Columbia)".

Румбата денес се изведува најчесто на неформални „фиести“, односно забави, или едноставно на улица, кога има таква атмосфера. Перкусиите и вокалните секции, односно делови го сочинуваат музичкиот ансамбл на румбата. Румба танцот развиен од Африканците често ги инспирира поетите, а за возврат и тие ги инспирираат песните. Некои поети, како Кармен Кордеро и Маја Сантос Фебрес рекле дека „поетскиот портрет на танцот го одржува своето значење како двигател на отпорот“. Ова може да се сфати како стремеж кон промена и прифаќање. Овие идеи добро се согласуваат со првичното појавување на румбата и кога таа стана широко прифатена од Кубанците.

Наводи уреди

  1. Orovio, Helio 2004. Cuban music from A to Z. Revised by Sue Steward. ISBN 0822331861 A biographical dictionary of Cuban music, artists, composers, groups and terms. Duke University, Durham NC; Tumi, Bath. p191
  2. Peñalosa, David (2009: 100). The Clave Matrix; Afro-Cuban Rhythm: Its Principles and African Origins. Redway, CA: Bembe Inc. ISBN 1-886502-80-3.
  3. http://www.zeno-okeanos.com/rumba-1947.html Архивирано на 7 март 2012 г. Earliest Known Audio Documentation of Folkloric Rumba
  4. Knauer, Lisa M. The Politics of Afrocuban Cultural Expression in New York City. Journal of Ethnic & Migration Studies (2008): 1257-1281, 25.
  5. 5,0 5,1 Crook, Larry. “A Musical Analysis of the Cuban Rumba.” Latin American Music Review(1982): 92-123.
  6. Peñalosa, David Rumba Quinto, Bembe Books (2010: 183). ISBN 1453713131.
  7. Alén Rodríguez, Olavo A History of the Congas http://afrocubaweb.com/cidmuc.htm. (2010: 3)
  8. Daniel, Yvonne. “Rumba.” pg 75. The Cuba reader. Duke University Press, 2003
  9. Moore, Robin. “Poetic, Visual and Symphonic Interpretations of the Cuban Rumba.” Lenox Avenue: A Journal; of Interacts Inquiry. (1998): 93-112.