Мануте Бол (16 октомври 1962 во Јужен Судан) — поранешен американско-судански професионален кошаркар кој настапувал за повеќе екипи во НБА.[1] Со своите 2,31 метри височина бил највисокиот кошаркар кој некогаш настапувал во НБА, покрај Георге Мурешан.[2] Во Гинисовата книга на рекорди е запишано дека Бол бил висок 2,305 метри. Тој е роден во градот Гогријал во Јужен Судан како син на главатарот на племето Динка. Неговото име Мануте значи „благословен“.

Мануте Бол
Лични информации
Роден на16 октомври 1962(1962-10-16)
Гогријал, Јужен Судан
НационалностСуданец / Американец
Умрел на19 јуни 2010(2010-06-19) (возр. 47)
Шарлотсвил, САД
Височина7 ст 7 ин (2.31 м)
Тежина200 lb (91 kg)
Информации за кариера
НБА драфт1985 / Круг: 2 / Избор: 31-ви вкупно
Одбран од Вашингтон Булетс
Професионална кариера1985–1996
Историја на кариера
1985Род Ајленд Галс
1985–1988Вашингтон Булетс
1988–1990Голден Стејт Вориорс
1990–1993Филаделфија Севентисиксерс
1993–1994Мајами Хит
1994Вашингтон Булетс
1994Филаделфија Севентисиксерс
1994–1995Голден Стејт Вориорс
1995–1996Флорида Бич Догс
1996C. Montana Forlì
Значајни моменти од кариерата и награди
  • Втора одбранбена НБА петорка (1986)
  • 2× Најмногу блокади во НБА сезона (1986, 1989)
Статистика НБА на кариера
Бодови1,599 (2.6 ppg)
Скокови2,647 (4.2 rpg)
Блокади2,086 (3.3 bpg)

Бол настапувал за два кошаркарски колеџи и четири екипи од НБА. Играл на позицијата центар и бил познат како специјалист за одбрана, поради тоа што бил помеѓу кошаркарите со најмногу блокади во историјата на НБА. Бол во кариерата забележал повеќе блокирани удари од дадени бодови, со што е единствен НБА играч со таква статистика. Кариерата ја завршил како втор кошаркар во историјата на НБА со просек на блокирани шутеви по натпревар, и 15. на вечната листа по вкупен број на блокирани удари.

НБА статистика

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1985–86 Вашингтон 80 60 26.1 .460 .000 .488 6.0 0.3 0.4 5.0 3.7
1986–87 Вашингтон 82 12 18.9 .446 .000 .672 4.4 0.1 0.2 3.7 3.1
1987–88 Вашингтон 77 4 14.8 .455 .000 .531 3.6 0.2 0.1 2.7 2.3
1988–89 Голден Стејт 80 4 22.1 .369 .220 .606 5.8 0.3 0.1 4.3 3.9
1989–90 Голден Стејт 75 20 17.5 .331 .188 .510 3.7 0.5 0.2 3.2 1.9
1990–91 Филаделфија 82 6 18.6 .396 .071 .585 4.3 0.2 0.2 3.0 1.9
1991–92 Филаделфија 71 2 17.8 .383 .000 .462 3.1 0.3 0.2 2.9 1.5
1992–93 Филаделфија 58 23 14.7 .409 .313 .632 3.3 0.3 0.2 2.1 2.2
1993–94 Мајами 8 0 7.6 .083 .000 .000 1.4 0.0 0.0 0.8 0.3
1993–94 Филаделфија 4 0 12.3 .429 .000 .000 1.5 0.0 0.5 2.3 1.5
1993–94 Вашингтон 2 0 3.0 .000 .000 .000 0.5 0.0 0.5 0.5 0.0
1994–95 Голден Стејт 5 2 16.2 .600 .600 .000 2.4 0.0 0.0 1.8 3.0
Просек 624 133 18.7 .407 .210 .561 4.2 0.3 0.2 3.3 2.6

Разигрување

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1986 Вашингтон 5 5 30.4 .588 .000 .375 7.6 0.2 0.6 5.8 4.6
1987 Вашингтон 3 0 14.3 .400 .000 .000 3.0 0.0 0.0 1.6 2.6
1988 Вашингтон 5 0 8.8 .571 .000 1.000 2.4 0.0 0.0 0.4 1.8
1989 Голден Стејт 8 0 18.5 .194 .091 .286 3.8 0.1 0.2 3.6 2.2
1991 Филаделфија 8 0 13.6 .500 .000 .667 2.3 0.1 0.1 1.5 3.0
Просек 29 5 17.1 .386 .087 .444 3.7 0.1 0.2 2.6 2.8

Наводи

уреди
  1. „Former Bullet Manute Bol dies at 47“. The Washington Post. 19 June 2010. Архивирано од изворникот на 2012-09-28. Посетено на 2010-06-19.
  2. Brown, Donald H. (2007). A Basketball Handbook. Bloomington, Indiana: AuthorHouse. стр. 20. ISBN 978-1-4259-6190-9.

Надворешни врски

уреди