Георге Мурешан
Георге Мурешан е поранешен романски кошаркар, кој играл на позицијата центар.
|
Својата кариера ја започнал во својата родна Романија, каде играл за Универистатеја Клуж, а потоа играл една сезона во По Ортез, пред да се пресели во НБА лигата каде настапувал за Вашингтон Булетс и Њу Џерси Нетс. Кариерата ја завршил во По Ортез во одигрувањето на сезоната 2000-2001.
Мурешан е првиот и до денес единствениот романец кој заиграл во НБА лигата. Тој исто така е познат како највискиот играч во историјата на НБА лигата со 2,32 височина.
Животопис
уредиМурешан е роден во Тритениј Де Жос,[1] Округот Клуж, Романија. Иако неговите родители биле со нормална висина, тој се извишил во неговата извонредна висина поради нарушување на хипофизата.[2]
Мурешан е оженет со сопругата Лилиана со која имаат два сина Георге и Виктор и живееле во Франклин Лејкс,[3] пред да се преселат во Вашингтон[4] Неговиот најстар син, Георге, играл кошарка за Џорџтаун Хојас на Универзитетот Џорџтаун.
Кариера
уредиМурешан ја започнал кариерата во екипата на Универистатеја Клуж, станувајќи национален шампион во сезоната 1991-1992.[5][6] Потоа тој се преселил во екипата на По Ортез со која играл во француското првенство во текот на сезоната 1992–1993, и веднаш успеал да ги придобие симпатиите на навивачите како и интересот на НБА скаутите.[5]
Мурешан бил избран како 30-ти пик вкупно на НБА драфтот 1993 од екипата на Вашингтон Булетс.[7] Тој играл во НБА лигата од 1993 до 2000 година покажувајќи знаци на перспективна кариера која била отповргната од повреди. Неговата најдобра сезона била во кампањата 1995-1996, кога тој просечно постигнувал по 14,5 бода по натпревар. На 8 ноември 1995, ги постигнал највисоките во НБА кариерата 31 бод во победата со 110-96 над Шарлот Хорнетс. Во оваа сезона Мурешан бил прогалсен за НБА играч кој најмногу напредувал бележејќи просек од 14,5 бода, 9,6 скока и 2,2 блокади по натпревар додека во исто време бил водач во лигата по процент на погодени шутеви од игра со 58,4%. Следната сезона тој повторно бил најдобар во НБА во овој статистички сегмент, поправајќи го просекот до 60,4%. Тој одиграл три натпревари и во плејофот со просек од 5 бода, 6 скока и 1,3 блокади во кој Булетс биле поразени со максимални 3-0 од подоцнежниот шампион Чикаго Булс. Сезоната 1996-1997, била и последна за Мурешан во дресот на Булетс, затоа што целата следна сезона ја пропуштил поради повреда. За Вашингтон Булетс одиграл вкупно 276 натпревари со просек од 10,6 бода, 6,4 скокови и 1,5 блокади.
Во сезоната 1998-1999 Мурешан потпишал за Њу Џерси Нетс, меѓутоа одиграл само еден натпревар за клубот во текот на неговата прва сезона поради повреди. Во неговата последна сезона во НБА, тој одиграл 30 натпревари во дресот на Нетс со просек од 3,5 бода и 2,3 скока. Низ целата своја НБА кариера го носел дресот со број 77, во знак на неговата висина (7'7 инчи).
По завршувањето на кариерата во НБА лигата, Мурешан имал уште еден период во По Ортез каде ја освоил титулата во француското првенство пред да се врати во САД да живее со семејството.[5]
На 11 март 2007 година, Мурешан одиграл натпревар за Мериленд Најтхокс како дел од највисоката постава во историјата на кошарката.[8] Тоа бил единствениот кошаркарски натпревар во кој Мурешан не бил највисокиот играч на теренот, тоа бил Сун Мингминг со 2,36 метри.
Титули и награди
уредиКлупски
уреди- 1991-1992 со Универистатеја Клуж
- 2000-2001 со По Ортез
Поединечни
уреди- 1995-1996
- 1995-1996, 1996-1997
Статистика
уредиНБА
уредиЛегенда | |||||
---|---|---|---|---|---|
ОН | Одиграно натпревари | СН | Натпревари како стартер | МПН | Минути по натпревари |
ПШИ% | Процент на шут од игра | 3П% | Процент на шут за три бода | СФ% | Процент на шут за слободни фрлања |
СкПН | Скокови по натпревар | AсПН | Асистенции по натпревар | УТПН | Украдени топки по натпревар |
БлПН | Блокади по натпревар | ППН | Поени по натпревар | Задебелено | Најдобро во кариерата |
* | Водач во лигата |
Регуларна сезона
уредиГодина | Екипа | ОН | СН | МПН | ПШИ | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УТПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1993–94 | Вашингтон Булетс | 54 | 2 | 12.0 | .545 | .000 | .676 | 3.6 | 0.3 | 0.5 | 0.9 | 5.6 |
1994–95 | Вашингтон Булетс | 73 | 58 | 23.6 | .560 | .000 | .709 | 6.7 | 0.5 | 0.7 | 1.7 | 10.0 |
1995–96 | Вашингтон Булетс | 76 | 76 | 29.5 | .584* | .000 | .619 | 9.6 | 0.7 | 0.7 | 2.3 | 14.5 |
1996–97 | Вашингтон Булетс | 73 | 69 | 25.3 | .604* | .000 | .618 | 6.6 | 0.4 | 0.6 | 1.3 | 10.6 |
1998–99 | Њу Џерси Нетс | 1 | 0 | 1.0 | .000 | .000 | .000 | 0.0 | 0.0 | 0.0 | 0.0 | 0.0 |
1999–00 | Њу Џерси Нетс | 30 | 2 | 8.9 | .456 | .000 | .605 | 2.3 | 0.3 | 0.0 | 0.4 | 3.5 |
Кариера | 307 | 207 | 21.9 | .573 | .000 | .644 | 6.4 | 0.5 | 0.6 | 1.5 | 9.8 |
Плејоф
уредиГодина | Екипа | ОН | СН | МПН | ПШИ | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УТПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1997 | Вашингтон Булетс | 3 | 3 | 23.3 | .444 | .000 | .875 | 6.0 | 0.0 | 0.0 | 1.3 | 5.0 |
Наводи
уреди- ↑ Insider, Romania. „Famous Romanians: Gheorghe (Ghita) Muresan | Romania Insider“. www.romania-insider.com (англиски). Посетено на 2018-10-25.
- ↑ „Georghe Muresan“. giantbasketball.com. Giant Basketball Academy. Архивирано од изворникот на 2010-05-25. Посетено на 2012-01-30.
- ↑ „Giant undertaking“. The Washington Times. February 6, 2004. Посетено на May 26, 2011.
That was how the former Washington Bullets center and one-time movie actor—he appeared with Billy Crystal in My Giant—spent most of the past few years: being with his wife, tending his two sons and taking care of their home in Franklin Lakes, N.J.
- ↑ „Whatever happened to Gheorghe Muresan?“. HoopsHype.com. Посетено на 2017-03-03.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „SPECIAL GSP Ghiță Mureșan vorbește sincer și direct despre viața în America și despre baschetul românesc: "85% dintre jucătorii care se retrag din NBA rămân fără bani!"“ [SPECIAL GSP Ghiță Mureșan speaks honestly and directly about life in America and about Romanian basketball: "85% of the players who retire from the NBA remain without money!"] (романски). Gsp.ro. 19 June 2018. Посетено на 1 September 2019.
- ↑ „Ghiță Mureșan, după 30 de ani în baschet: "Nu sunt flămând după popularitate"“ [Ghiță Mureșan, after 30 years in basketball: "I'm not hungry for popularity"] (романски). Pressone.ro. 12 December 2018. Посетено на 1 September 2019.
- ↑ „1993 NBA Draft“. Basketball-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 2008-11-28.
- ↑ „Land Of The Giants“, Deadspin.com, 2007-03-21, Посетено на 2013-09-28
Надворешни врски
уреди- Георге Мурешан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Георге Мурешан на InterBasket
- Георге Мурешан на basketball-reference.com Архивирано на 8 август 2011 г.