Мануил Ивец (11 век) — македонски благородник од познатата фамилија Ивец, роднина на прочуениот Самуилов војсководец Ивец, војсководец на Петар Делјан.[1][2]

Направил кариера на византискиот дворец, припаѓал на кругот на најдоверливите луѓе на царот Михаил IV (10341041). За време на востанието на Петар Делјан (10401041), пребегал од Солун[2] и им се придружил на востаниците. Имал видна улога во востаничкото движење и во одбраната на ослободените македонски територии. При крајот на востанието, ја организаирал одбраната на Пелагонија, на Плетвар подигнал дема (дрвена пречка) за да го спречи напредувањето на Византијците. Демата била разурната, а тој бил заробен.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, rec. I, Thurn, Berlin, 1973, 411, 40–45, 414, 40–47
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 194. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)