Ивец (војсководец)
Ивец (X–XI в.) — македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самуиловото Царство.[1][2]
Ивец | ||
Познат | Македонски благородник, истакнат војсководец од времето на Самоиловото Царство |
---|
Есента 1015 година ја уништил византиската војска во Пелагонија, намамувајќи ја во заседа. По смртта на царот Јован Владислав, кога царицата Марија и другите великодостојници му се предале на Василиј II, тој се засолнил на планината Брохот, каде што го изградил дворецот Проништа и продолжил да им дава отпор на Византијците. На денот на домашната слава Голема Богородица во 1018 година со измама бил фатен од охридскиот архонт Евстатиј Дафномил[2] и предаден на царот Василиј II,[3] кој му го одзел целиот имот и го испратил во затвор.[2]
Ивец како тема во уметноста
уреди- „Ивец“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, rec. I. Thurn, Berlin, 1973
- ↑ 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 194. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Б. Прокић, Војвода Ивац. Најстарији историски спомен ослави у Маћедонији, „Братство“, IX–X, 1902
- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 21.