Мане Мишев Симјаноски ( 1919 во Лисичани, Кичевско1944 во Завој (село), Охридско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Мане Симјаноски
Роден Лисичани, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал април, 1944 година
Завој, Охридско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Животопис

уреди

По занимање бил земјоделец. Поради тешкиот живот заминал на работа во Суботица каде бил пекарски работник и членувал во УРС-овите синдикати. По окупацијата се вратил во своето село кое било под бугарска окупација. Во селото прво почнал активно да работи во СКОЈ, а потоа во Партиската организација. Прибирал оружје, храна и други материјали за потребите на НОВ. Во јануари 1944 година бил повикан на воена вежба во бугарската војска во Прилеп од каде избегал и се приклучил на редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во Егејска Македонија. Загинал во април 1944 година, на враќање од Февруарскиот поход, во борба со бугарските фашисти кај селото Завој, Охридско.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 110.