Манастир „Христос Седржител“ - Балџа (Солунско)

манастир кај Балџа, Солунско

Христос Седржител (грчки: Ιερά Μονή Παντοκράτορος) — машки манастир кај селото Балџа, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Христос Седржител
Παντοκράτορος
Карта
40°45′15″N 22°57′25″E / 40.75417° СГШ; 22.95694° ИГД / 40.75417; 22.95694
МестоБалџа, Солунско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1985 – 1990
Управа
Архијерејско намесништвоАјватовско
ЕпархијаЛагадинско-ајватовско-рендинска

Манастирот се наоѓа на рид меѓу селата Балџа и Ајватово. Основан е во 1985, а почнал да работи во 1990 г. со завршувањето на манастирската црква и конаците. Во 1992 г. се завршени двата големи параклиси „Св. Архангели“ и „Рафаил, Никола и Ирина“. Во манастирот се чува парче дрво за кое се смета дека е дел од Чесниот Крст на кој бил распнат Исус. Се чуваат и мошти на Свети Јован Претеча, Арсениј Пароски, Светите пет маченици, Апостол Филип, првомачениот Стефан, Лазар, пријателот Исусов, Рафаил, Никола и Ирина, Харалампиј, Константин и Елена, Ѓорѓи Победоносец, Пантелејмон, Петка, Јован Златоуст, Григорих Богослов.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Παντοκράτορος“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]