Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Зелениково
Манастирот Свети Архангел Гаврил — православен христијански верски комплекс сочинет од 2 црковни храма посветени на Светиот Архангел Гаврил во селото Зелениково во околината на Скопје. Двете цркви се наоѓаат во густа дабова шума, веднаш над последните куќи од селото Зелениково недалеку од истоименото железничко стојалиште крај реката Вардар. До црквата води асфалтен пат. Поголемата црква е изградена во 1964-1965 година, додека помалата црква која се наоѓа на 30 метри подолу и е со камена фасада е изградена во 2003 година. Во 2008 година, била доградена стреата пред влезот на постарата црква. Над влезот над двете цркви постојат фрески-мозаици на патрониот светец, архангелот Гаврил. Веднаш до големата црква се наоѓа помошен обејкт каде што се наоѓаат просториите за свечените ручеци и просториите за спиење и ноќевање. Во црквите нема монаси, а големата црква е соборен храм за селото Зелениково. На црковната слава посветена на Светиот Архангел Гаврил, секоја година на 26 јули, црквата е многу посетена од луѓе и верници од Зелениково и околните села, како и од Скопје и Велес при што се дели ручек и се организира голем народен собор со веселба. Веднаш до новоизградената црква подолу постои извор на вода, кој меѓу народот е познат како „Самовилска вода“ и се смета дека е лековит. Овој извор денес е соѕидан и на него стои иконата на Света Недела. Внатрешноста на двете цркви е живописана со фрески во нов стил, кои се дар од верници од Зелениково и разни други места, како и иселеници. Поголемата црква е отворена секој ден до 12 часот, а помалата крај изворот е постојано отворена.
Свети Архангел Гаврил
| |
Црквата „Свети Архангел Гаврил“ во селото Зелениково | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Скопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Зелениково |
Општина | Зелениково |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Архангел Гаврил |
Изградба | 1964-1965 година, 2003 година (помалата црква) |
Архитектонски опис |
Галерија
уреди-
Новоизградената црква со изворот „Самовилска вода“ (Света Недела)
-
Внатрешноста на главната црква
-
Фреската на Свети Георгиј Победоносец во главната црква
-
Патот кон новоизградената црква