Манастир Сумела (грчки: Παναγια Σουμελα) е православен манастир на Цариградската патријаршија, изграден кон крајот на IV и почетокот на V век на карпата Трабзон во Мала Азија (денешна Турција). Од крајот на IV век, во него се чува чудотворната икона на Пресвета Богородица Панагија Сумела, која, според преданието, ја насликал самиот апостол Лука. Во 1923 година по размената на населението меѓу Грција и Турција, иконата ја однеле со себе Понтиските Грци.

Манастир Сумела

Историја

уреди

Основањето на манастирот му се припишува на монахот Варнави (помеѓу 375 и 395 н.е.), а неговото обновување по арапското уништување во IV век, на свети Софрониј .

За време на византискиот период, манастирот уживал наклонетост на неколку генерации цареви, а станал највлијателен и најбогат на територијата на Понт за време на Трапезунското царство (1204-1461). По падот на империјата, сите привилегии биле потврдени од султанот Селим I и сите други последователни отомански владетели.[1]

Најголем процут на манастирот имало во 18 и 19 век.

По прогонот на грчкото православно население од Анадолија, монашкиот живот во манастирот Сумела згаснал. Светите работи што се чувале во манастирот, вклучително и иконата на Панагија Сумела, биле земени од Грците, а од 1930 година, се чуваат во новиот манастир Сумела кај градот Бер во Егејска Македонија.

Низ вековите, манастирот Сумела бил свет, не само за Грците, туку и за христијаните ширум светот, но турската влада била многу непријателски расположена кон православните аџии. Аџилакот за првпат станал возможен во 2007 година.

Во 2010 година турското Министерство за култура, на барање на Вселенската патријаршија, одобри одржување на прва богослужба во манастирот Сумела. На 15 август 2010 година, на денот на Успение на Пресвета Богородица, Вселенскиот патријарх Вартоломеј служел литургија во манастирот заедно со неколку стотици аџии од различни земји.[2]

Во септември 2015 г. манастирот бил затворен за посетители поради реконструкција.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „00 паломников из России посетили Сумельский монастырь в Турции“.
  2. „Впервые за несколько десятилетий в древней обители Панагия Сумела совершена Божественная литургия“.