Манастирски комплекс (Ангелци)

Манастирскиот комплекс — комплекс од мали манастирски цркви кои се наоѓаат во близина на селото Ангелци, во Општина Василево.

Манастирски комплекс
Манастирски комплекс
Поглед кон манастирите
МестоЧаушев Камен
во близина на Ангелци
Општина Василево
ЗемјаМакедонија
Вероисповедхристијанство
Историја
Основач(и)Бранко Иванов
Осветена1991
Архитектура
Статуснепризнаена[1]
Завршенаво изградба[2]
Физички особености
Материјалитула
малтер

Местоположба

уреди

Комплексот се наоѓа на 4 километри северно од селото Ангелци, по патот кој води кон селата Едрениково и Седларци. Месноста каде се наоѓаат манастирите е позната како Чаушев Камен или Кајнаци.

Комплекс

уреди

Манастирите се наоѓаат во полупречник од 50 метри, наредени еден до друг. Манастирите се девет на број, и тоа: манастир „Св. Петка“, „Св. Троица“, „Св. Пантелејмон“, „Св. Недела“, „Св. Јован Крстител“, „Св. Ѓорги“, „Св. Леонтиј“, „Св. Димитар“ и манастир посветен на „Три светители“. Во комплексот се наоѓаат и три бунари, чија вода била света и лекувала девет болести, како и една камбанарија[3].

Историја

уреди

Историјата на манастирскиот комплекс започнува кон 1991 година, кога на еден месен жител, кој неколку години боледувал, започнал да сонува како некои непознати луѓе од него бараат соба со покрив. По некое време неговата сестра сонила дека мора да изгради манастир за да не го изгуби најмилото[4].

Така, во 1991 година човекот започнал да гради најпрвин бунар, а потоа бил изграден и првиот манастир посветен на Света Петка. По ова следувало и изградбата на манастирите „Св. Недела“, „Св.Троица“ и „Покровитна Богородица“, „Св. Јован Крстител“. По некое време на еден друг жител на селото Ангелци, исто така сонил дека треба да изгради манастир кај Чаушев Камен, по кое бил изграден и манастирот посветен на „Св. Пантелејмон“.

Според еден друг жител на селото, манастирите ги предвидела и Баба Ванѓа, кој ја посетил во текот на 1980-тите години, и која го прашала за манастирите. Откако тој и кажал дека не постојат такви манастири во неговото село, таа му кажала дека во идниот период истите ќе бидат изградени.

Статус

уреди

Иако овие манастири се посетени од страна на многу верници но Струмичката епархија истите не ги признава, бидејќи се градени поради сон, спротивно на православните канони.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. МПЦ не ги признава бидејќи се градени поради сон, спротивно на православните канони
  2. Дел од манастирите сè уште се во фаза на изградба
  3. Сонуваат светци, и градат манастири
  4. Манастири од чудни соништа никнуваат кај Ангелци[мртва врска]

Надворешни врски

уреди