Мамила
Мамила (хебрејски:ממילא) била една од најраните населби кои биле направени надвор од стариот дел на Ерусалим, денешен Израел. Се наоѓа во близина на портата Јафа и улицата Јафа, западно од населбата Рахавија, југозападно од Јемин Моше. Денеска, овој дел од градот се смета за еден од најразвиените во Ерусалим.
Мамила била создадена кон средината на 19 век, место каде населението го сочинуваат евреи и муслимани. Во времето на арапско-израелскиот конфликт и шестдневната војна, Мамила спагала во т.н. Зелена линија помеѓу Израел и Јордан. За време на овие конфликти, многу стари градби биле сосема нацелосно разрушени. Во 1967 година, општината одобрила план проект за реконструкција на многу патишта, градби и слично, кое на крај донело како една од најголемите конструкции во историјата на модерниот Ерусалим.
31°46′34.02″N 35°13′24.44″E / 31.7761167° СГШ; 35.2234556° ИГД