Мал свиркач
Мал свиркач | |
---|---|
Возрасна птица во септември | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Мочварки |
Род: | Пескарки |
Вид: | Мал свиркач |
Научен назив | |
Calidris minuta Leisler, 1812 | |
Синоними | |
Erolia minuta |
Мали свиркач или мала пескарка (науч. Calidris minuta или Erolia minuta), е многу мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (Calidris). Се размножува во арктичка Европа и Азија и е преселничка на долги растојанија, зимувајќи на југ во Африка и јужна Азија. Минува и во Македонија. Понекогаш заскитува во Северна Америка и во Австралија.
Опис
уредиТоа што е малечок, со убав темен клун и има побрзи движења, го разликува малиот свиркач од останатите крајбрежни птици.
Должината на телото му е 13 см, а има распон на крилјата 35 см. Перјето му се разликува сезонски и возрасно. Вон сезоната на парење, во есенско-зимскиот период, возрасните птици одозгора се сивокафеави, а одоздола бели; а во сезоната на парење одозгора перјето им е црвенокафеаво со забележително бело V на грбот. Младенчињата личат на возрасните како во сезоната на парење. Кај сите возрасти нозете се црни. Се огласуваат со пит или чит.
Гнездото на малиот свиркач е исто како на другите водни птици, мала „гребнатинка“ на земјата, опкружена со малку вегетација. Несат 3-5 јајца. Овие птици се полигамни, па и мажјакот и женката може да инкубираат посебни легла.
Се хранат со мали безрбетници кои ги собираат од калта.
Зимно време се здружува во големи јата, формирајќи ги и со други крајбрежни птици, особено со обичниот свиркач во крајбрежните блата или во мочуриштата.
Статус
уредиБројот на птици од овој вид зависи од популацијата на лемингот (мал глодач), кој е основна храна на грабливките од арктичките предели. Ако годината е сиромашна со овие глодачи, грабливките се хранат со малиот свиркач. На овие птици се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Галерија
уреди-
Зимско перје (март)
-
Возрасен во доцно лето
-
Xenus cinereus, Calidris minuta, Tringa stagnatilis во Индија
-
Xenus cinereus, Calidris minuta, Tringa stagnatilis во Индија
-
Xenus cinereus, Calidris minuta во Индија
-
Museum specimen
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Calidris minuta“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Литература
уреди- Jonsson, Lars & Peter J. Grant (1984) Identification of stints and peeps British Birds 77(7):293–315
Надворешни врски
уреди- Little Stint - Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Oiseaux Photos
- Ageing and sexing (PDF; 1.2 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.
- Avibase[мртва врска]