Малтешкиот сокол (филм од 1941)

Малтешкиот сокол (англиски: The Maltese Falcon) - американски филм од 1941 година, во режија на Џон Хјустон. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Гледис Џорџ, Мери Астор, Питер Лоре, Сидни Гринстрит, итн.[1] Во 1942 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории: најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра машка споредна улога. Во 1989 година, тој бил вклучен во Националниот филмски регистер на САД.[2]

„Малтешкиот сокол“
РежисерЏон Хјустон
Главни улогиХемфри Богарт
Мери Астор
Гледис Џорџ
Питер Лоре
Бартон МекЛејн
Ли Патрик
Сидни Гринстрит
МузикаАдолф Дојч
КинематографијаАртур Едесон
МонтажаТомас Ричардс
ДистрибутерWarner Bros.
Премиераоктомври 3 1941 (1941-10-03) (Њујорк)
октомври 18 1941 (1941-10-18) (САД)
Времетраење101 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$381,000

Содржина

уреди

Сем (Хемфри Богарт) е приватен детектив во Сан Франциско. Еден ден, во неговата канцеларија влегува непозната жена која се нарекува себеси Рут (Мери Астор), која тврди дека ѝ треба заштита и дека сака да ја пронајди и да ја заштити од некој човек по име Флојд Трзби. Сем го испраќа својот помошник и партнер Мајлс Архер (Џероме Кован) да ја следи девојката, но истата ноќ него го убива некој непознат. По некое време е убиен и Флојд за кој се мисли дека е убиецот, а полицијата смета дека Сем е вмешан во едно од тие убиства, бидејќи тој е во врска со сопругата на својот соработник (Гладис Џорџ). Сем е посетен од еден Џоел Каиро, кој е по потрага на средновековна фигура на сокол. Сем му кажува на својот клиент за Џоел и се дознава дека тие се знаеле од порано. Подоцна Сем го посетува шефот на Џоел во еден хотел и се среќава со млад човек Вилмер кој го имаше следено. Шефот на Џоел и Вилмер, Гутмен, му нуди 25,000$ и една четвртина на Сем за фигурата на црниот сокол, но Сем се онесвестува бидејќи му ставија нешто во пијалакот, a Гутмен си заминува заедно со своите соработници. Сем започнува сериозна истрага и открива дека тројца чудни луѓе, односно криминалци, се во некаква врска со девојката, Рут Рандерли, која подоцна се нарекува Бригид'О'Схаухнеси, тие се во потрага по црниот сокол. Со истрагата на Сем се случуваат и серија од настани Така, во кулминацијата, Сем се договара со овие тројца криминалци. Гутмен му дава 10,000$ на Сем, но Сем сака и некој да го предаде на полицијата, затоа го предлага Вилмер. Неговите соработници Џоел и Гутмен се согласуваат и Сем го онесвестува Вилмер, но Вилмер подоцна успева да избега во хаосот кога Гутмен ја анализира статуетката на соколот и дознава дека е лажна. Гутмен и Каиро решаваат да се вратаат во Истанбул, но Сем вика полиција за да бидаат фатени. Сем дознава и дека Бригид го убила неговиот партнер и дека го направила тоа за да биде обвинет Флојд. Сем решава да ја предаде Бригид на полицијата, и покрај неговите чувства кон неа. [1]

Улоги

уреди

Наводи

уреди