Мали жени (филм)
„Мали жени“ (англиски: Little Women) е американски филм од 1933 година, во режија на Џорџ Кјукор. Главните улоги ги играат: Кетрин Хепберн, Пол Лукас и Џоан Бенет. Филмот имал три номинации за „Оскар“ (за најдобар филм, најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио), а освоил „Оскар“ во последната номинација. На филмскиот фестивал во Венеција во 1934 година, Кетрин Хепберн ја добила наградата за најдобра глумица.[1]
Содржина
уредиОваа драма го прикажува животот на едно семејство за време на Граѓанската војна во САД. Три ќерки растат покрај својата мајка, додека нивниот татко учествува во војната. Притоа, едната ќерка се мажи, втората заболува од шарлах, а третата бега во Њујорк, со цел да ги оствари своите уметнички амбиции.[2]
Наводи
уреди- ↑ IMDb, Little Women (1933) - Awards (пристапено на 5.4.2015)
- ↑ „Мали женички“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 24.