Малатестијанска библиотека

Малатестијанска библиотека (италијански: Biblioteca Malatestiana), позната и како библиотека Малатеста Новело — јавна библиотека во градот Чезена во Северна Италија. Наменски изградена од 1447 до 1452 година, отворена во 1454 година, и именувана по месниот аристократ Малатеста Новело, е значајна по тоа што е првата граѓанска библиотека во Европа, односно припаѓа на комуната, а не на црквата или на благородничкото семејство и е отворена за пошироката јавност. Библиотеката била запишана во Списокот на сеќавањето на светот на УНЕСКО во 2005 година.

Малатестијанска библиотека
Халата Нути во Малатестијанската библиотека
Карта
Општи податоци
АдресаПјаца Маурицио Буфалини 1
ГрадЧезена
ЗемјаИталија
Координати44°08′20″N 12°14′38″E / 44.13889° СГШ; 12.24389° ИГД / 44.13889; 12.24389
Завршена1452
Отворена15 август 1454

Историја и влијание

уреди

Изградбата и создавањето на библиотеката биле нарачани од владетелот на Чезена, Малатеста Новело. Изградбата била изведувана под раководство на Матео Нути од Фано (ученик на Леон Батиста Алберти) и траела од 1447 до 1452 година. По наредба на Новело, книгите биле сопственост на комуната Чезена, а не на манастирот или семејството.[1] Поради оваа владејачка структура, збирката не била дисперзирана како многу монашки библиотеки.[2]

Во 2005 година УНЕСКО ја вклучил библиотеката во списокот на Сеќавање на светот.[3]

Објект

уреди
 
Влез во аулата (Аула дел Нути).

Малатестијанската библиотека е една од ретките библиотеки (друга е Либрије во Цутфен, Холандија) во светот од таканаречениот хуманистичко-конвентуален вид, која ги спојува хуманистичките начела со архитектурата инаку резервирана за верски објекти и ја зачувала својата структура од неговото отворање пред повеќе од 550 години. Главната врата била дело на скулпторот Агостино ди Дучио (1418–1481). Оревовата врата во дрворез на главниот влез датира од 1454 година и била изработена од уметникот Кристофоро од Сан Џовани ин Персичето.

Внатре, библиотеката има геометриски дизајн, типичен за раниот италијански ренесансен стил. Аулата има распоред на базилика (што ја одразува важноста на библиотеката како „храм на културата“), со три кораби поделени со десет реда бели столбови изработени од местен камен; има единаесет дорати во секоја патека, кои се засводени со стап. Средишниот кораб е засводен со буре и завршува со роза под која се наоѓа надгробната плоча на Малатеста Новело.

Библиотекта има 58 маси, со грб од страните. Светлината доаѓа преку 44 прозорци во венецијански стил, кои биле наменети да обезбедат идеално осветлување за читање.

Книги

уреди
 
Средновековен ракопис

Библиотеката има над 400.000 книги, вклучувајќи над 340 кодекси кои покриваат различни области како што се религијата, грчките и латинските класици, науките и медицината и околу 3.200 ракописи од 16 век.[2] Најстариот ракопис во библиотеката е копија на Исидоровиот Etymologiae.[4]

Наводи

уреди
  1. „Memory of the World RegisteR: Nomination Form: The Malatesta Novello Library“ (PDF). UNESCO. Посетено на 22 март 2014.
  2. 2,0 2,1 „Istituzione Biblioteca Malatestiana“. Consortium of European Research Libraries. 2012. Посетено на 22 март 2014.
  3. „The Malatesta Novello Library“. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. 2005. Посетено на 22 март 2014.
  4. „La Biblioteca Malatestiana: Europe's first public library“. Travel Thru History. Архивирано од изворникот на 9 April 2016. Посетено на 22 март 2014.

Надворешни врски

уреди