Малата Сирена (цртан филм)

американски цртан филм од 1989

„Малата Сирена“ (англиски: The Little Mermaid) е американски цртан филм од 1989 година. Ова е 28-тиот долгометражен цртан филм изработен во продукцијата на „компанијата Волт Дизни“.

Расплет уреди

Во цртанот се работи за малечка сирена која упорно сака да го види светот на луѓето, но нејзиниот строг татко и забранува. Сепак таа скришно собира предмети од потонатите бродови на луѓето и ги собира во една пештера. Луда по авантури Ариел се издига на површината на морето каде што ќе здогледа брод на кој има забава. Таа се доближува до бродот и го здогледува принцот Ерик на кому му е роденден. Кога ќе настане несреќа на бродот принцот Ерик паѓа во водата без свест. Таа го спасува и го носи до брегот, кога тој ќе се освести таа си заминува во водата. Ариел ќе се заљуби во Ерик и ќе посака да биде вечно покрај него. Со тоа таа ќе биде спремна да ја плати цената на морската вештерка Урсула, за да и створи нозе. Филмот исто така е мјузикл со прекрасна музика која ќе допри до многу малечки срца.

Надворешни врски уреди