Маклура
Маклура (Maclura pomifera) го добила името по американскиот геолог Вилијаму Маклуру (William Maclure, 1763-1840). Името на видот е сложенка од латинските зборови pōmum = плод и ferō = носи; чест синоним е Maclura aurantiaca Nutt. (лат. aurantius = портокал). Во Северна Америка ја викаат трнлив осиџ или осиџ помаранџа, тој назив настанал од името на индијанското племена Осиџ блиско на плементо Сијукс (фр. Sioux). Наш народен називи, покрај најчестот– маклура е и див портокал и поретко дрво мозак поради вијугавите текстури на плодот. Во Европа е внесена 1818 година и од тогаш успешно се одгледува[1][2][3].
Неочекувана употреба на предлошка {{1}} - видете Предлошка:1 за детали.
Ареал
уредиПотекнува од Северна Америака (Тексас и мали делови на Арканзас и Оклахома), каде расне во речните долини на алувијални живеалишта [3].
Опис на видот
уредиЛистопадно дрво или висок џбун со висина до 20 m и пречник на градна височина 50–90 cm. Хабитусот е топчест, со изразито широка круна. Стеблото е кратко, со сива до светло-смеѓа боја со надолжно избраздана кора. Изданките се тенки, со жолтосива или зеленосива боја со трње во пазувите на листот. Трнчињата се единечни, при врвот смеѓи и сјајни, долги 1 до 2 cm, со иста боја као изданокот. Пупките се ситни, округли до јајцести, прекриени со црвеникаво смеѓа боја со сјајни лушпи.
Листовите се прости, наизменични, елиптично-јајцести и кожурливи, со должина од 6 до 12 cm, од лицето сјајни,во прамени по 3-4 cm.
Цветовите се неупадливи, со висечки зелени китки, машките се округли, долги до 2 cm, женските се габавидни со долги кончести столбчиња. Видот е дводомен, цвета од април до јуни.
Со здебелување на цветната обвивка и вретеното на китките
се формира крупен збирен плод сличен напортокал. Меснатата обвивка на единечни теклетки меѓусебно сраснува и дава плод со пречник од 7 до 15 cm, жолто-зелена или зелена боја со рапави, брановидни, наборени наи тна полиподења лени површини. Секое поле претставува единечен плод со по едно семе. Сите делови на растението, а посебно плвите соододржат леплив млечен сок, кој во присуство на воздух поцрнува. Плодовите созреваат во септември-оквримодтпаѓаат веднашаат и во текот на зразта раз селваат.оат [2]. Семе с ендокарп е долго 10 mm, широко 3,5-6,5 mm, ајцо ј еслик, т обсо боја скаа и со мазна текстура, без сјај. Семето е без ендосперм; нику ецот ,ембрион е крупен, со лакоиден тип и скоро потполно го исполнув.амРачкатк се наоѓа под долгата и тапа ивица. Р‘тењето е надземно. Во еден плод може да има и до 200 семиња [4].
Биоеколошки одлики
уредиМаклурата е пионерски вид, многу отпорен на неповолни еколошки услови и како таква ја преживеала глацијацијата. Постои претпоставка дека плодот на макулата бил храна на мамутите и дека тие помогнале да се шири семето на маклурата хранејки се со неа. Просечните годишни температури, во природниот ареал (распространетост) на овој вид, се движат од 18-21 оC. Просечната јулска температура е 27оC, а во јануари 6-7оC со можни екстреми од -23оC. Mаклурата е брзорастечки и хелиофилен видо, таа не толерира сенка или полусенка. Кореновиот систем на овој вид е многу силен, во Оклахома се забележани единки со коренов систем кој минува над 8 метри длабочина. Кога се наоѓа на плитка почва коренот се шири површно. Отпорен на надворешни услови и прилагодлив на разни почви, што го прави многу приспособлив на нови живеалишта. Маклуриното семе е храна на верверици и други мали глодачи, а со целиот плод може да се хранат коњи, па оттука е и едно од имињата на маклурата - "коњско јаболко" „horse apple”[3]. .
Размножување
уредиГенеративното размножување е релативно едноставно.Пулпата на плодот слабо влијае на процентот на р‘тливост, но го успорава растот на никулецот, семето треба да се екстрахира пред омекнувања на плодот[4]. Забелажан е и апомиксис што дава униформно потомство и при сеидба со семе[5] Вегетативно маклурата подеднакво добро се размножава и со коренски резниц и со резниц од стебло[6].
Природни и културни меѓуродови таксони
уредиПоради трнчињата и крупните плодови кои долго се распаѓаат валкајки го просторот под женските стебла се одгледуваат меѓуродови таксони без плодови и трнчиња. При тоа клоноците ги задржуваат карактерните особини како што се отпорност на суша и сиромашни земјишта.
Наводи
уреди- ↑ Симоновић, Д. (1959): Ботанички речник, имена биљака. Српска академија наука - посебна издања, књига -{CCCXVIII}-
- ↑ 2,0 2,1 Вукићевић Е. (1996): Декоративна дендрологија, Шумарски факултет Универзитета у Београду, Београд
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Јовановић, Б. (1985): Дендрологија. IV измењено издање. Универзитет у Београду. Београд
- ↑ 4,0 4,1 Стилиновић, С. (1985): Семенарство шумског и украсног дрвећа и жбуња. Универзитет у Београду. Београд
- ↑ Janick, J. (1986): Horticultural science. Fourth Edition. W.N.Freeman Company. New York.
- ↑ Грбић, М. .: Производња садног материјала - Вегетативно размножавање украсног дрвећа и жбуња. Универзитет у Београду. Београд. 2004. ISBN 978-86-7602-009-6.
„Маклура“ на Ризницата ? |