Грмушка
Грмушка или џбун е растение кое се разликува од дрвото по тоа што има повеќе стебла[1] и низок раст, обично под 5–6 м во висина. Голем број на растенија можат да станат грмушки или дрва, зависно од животните услови. Малите ниски грмушки како лавандата, зелениката и мајчината душичка напати се нарекуваат полугрмушки.
Кога се украсно поткаструвањење|кастрат во облици]] (топијар), грмушките го згуснуваат лисјето и добиваат поголем број на помали гранки што растат блиску една до друга. Најзастапен пример за ова е живата ограда (Buxus). Со потсекување на грмушката до пенушка се добиваат нови долги стебла.
Грмушките се мошне застапени во градинарството како широколисни растенија, иако има и помали четинари со грмушест облик како клекот и смреката. Гмушките можат да бидат листопадни или зимзелени.