Македонско-хрватски односи

Македонско-хрватски односи се надворешните односи меѓу Република Македонија и Хрватска.

Македонско-хрватски односи

Македонија

Хрватска

Историја

уреди
 
СР Македонија и СР Хрватска како сојузни републики во рамките на Југославија

До 1991 година, и двете земји биле дел од составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По декларациите за независност во Хрватска и Словенија од јуни 1991 година, Македонија по три месеци подоцна, во септември 1991 година прогласила независност. Хрватска беше втората држава која ја призна Република Македонија под уставно име. Тоа се случи на 12 март 1992 година.

Воспоставување на билатералните односи

уреди

Хрватска воспоставила дипломатски односи со Република Македонија на 30 март 1992 година.[1] Воспоставувањето на билатералните односи било направено под уставното име на Македонија - Република Македонија .[2] Хрватска е една од 125 земји во светот, која ја има признаено Македонија под нејзиното уставно име [3] . Македонија има отворено амбасада во главниот град на Хрватска, Загреб, како и Хрватска во Македонија во главниот град Скопје и генералниот конзулат во Битола.

Хрватите во Македонија

уреди

Има мал број на Хрвати кои живеат во Македонија. Според последниот попис одржан во Македонија во 2002, Црногорското малцинство брои 2,686 или 0.133% од вкупната популација на Македонија. Хрватите во Македонија претежно живеат во Скопје и Битола. Во Битола има и католичка црква.

Македонците во Хрватска

уреди

Мало Македонско малцинство постои и во Хрватска. Според последниот попис на населението во Хрватска од 2001 има 4,270 Македонци во Хрватска или 0.1 од вкупната популација на Хрватска. Македонците во Хрватска имаат и свои здруженија како Илинден во Риека и во неколку училишта се изучува и Македонскиот јазик како предмет. Хрватска официјално ја призна и МПЦ. Македонското малцинство има и црковни општини во Хрватска, во Загреб, Риека, Осиек, Пула и во Сплит. Во Хрватска исто така има македонски друштва во Риека, Загреб, Осиек, Задар, Пула и во Сплит, кои се обединети во Заедницата на Македонците, во која членуваат околу 5.000 Македонци.

Наводи

уреди
  1. Ministry of Foreign Affairs - Republic of Macedonia
  2. „Republic of Croatia - Ministry of Foreign Affairs“. Архивирано од изворникот на 2012-09-08. Посетено на 2011-04-28.
  3. „FM Milososki: Name row a result of Greece's desire to protect its myth of pure nation“. Архивирано од Government of the Republic of Macedonia изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2009-08-03. Посетено на 2021-09-02. the fact that 125 countries in the world have recognised Macedonia's constitutional name is a clear signal that the country has international support