Македонска студентска дружба

Македонска студентска дружба — културно-литературна и национално-политичка асоцијација на македонски студенти во Софија, Бугарија, која станала јадро на Младата Македонска Книжовна Дружина. Фукционирала во периодот од 1890 до 1891 година. Во годините на бегства и прогонства на учениците и студентите од Македонија во Белград и во Софија, во процесот на созревањето на македонската национална мисла, група македонски студенти од Вишото училиште во Софија (претежно од дотогаш пребеганите од Белград: Даме Груев, Петар Поп-Арсов, Димитар Мирчев, Христо Поп Коцев, Н.Наумов, Никола Дејков и др) кон крајот на 1890тата година тајно организирале една Студентска дружба според Даме Груев со цел:

Заемно да си влијаеме за да се подготвиме за задружна работа, кога бевме решиле по свршувањето на науките сите да се прибереме внатре во Македонија, бидејќи бевме сознале дека таму има нужда од интелигентни сили. Во овој интимен круг веќе се беше породила идејата да се образува револуционерна организација

За Дружбата се подготвил и правилник, во којшто биле назначени и целите –

Научни цели, а всушност целта беше да се подбереме за идната работа во Македонија.

Подготвениот правилник бил даден за печатење во Романија, но изгорел заедно со печатницата. По убиството на бугарскиот министер Христо Белчев во март 1891 дел од групата (Груев и Наумов) биле уапсени и истерани од факултетот, Дружбата се растура, а по пуштањето затворените бегаат во Македонија и тука (во други форми) ја продолжуваат револуционерната дејност.[1]

Наводи

уреди
  1. Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација 1983, 469–483; Скопје, 1983, 469–483