Археологија на Македонија

(Пренасочено од Македонска археологија)

Археологијата во Македонија започнува во XIX век, претежно од странски истражувачи. Работите продолжиле под покровителство на југословенската држава, а потоа зеле замав со уредувањето на Македонија како државна единица, доцните 1940-ти.[1]

Според последните податоци, Македонија поседува 7.081 недвижен споменик од кои 4.293 се археолошки наоѓалишта, 992 цркви и манастири со над 150.000 км2 фрескосликарство, над 22.855 икони и 240 иконостаси, балдахини и владички престоли изведени во резба, објекти од рурална (220) и урбана (379) архитектура, 47 кули, бедеми и мостови, 12 урбани и рурални ансамбли, 188 објекти од стопански карактер, 1.000 споменици и спомен-обележја, 228 објекти од османлиската архитектура (џамии, анови, амами, стари чаршии и сл). Музејските и галериските збирки содржат над 500.000 поставки (археолошки и етнолошки предмети, предмети од историско значење, како и предмети од применета уметност). Во 1980 г. во Списокот на споменици под заштита на УНЕСКО е внесен и регионот на Охрид со езерото и културното наследство на градот и потесната околина.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Лепавцов, Александар (1995). Via vita Macedonia: праисториските култури и природните транспортни коридори на почвата на Македонија. Време.
  2. Старделов, Георги (1995). Цивилизации на почватана Македонија: прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија. МАНУ.