Плоштад „Јосип Броз Тито“ (Куманово)
плоштад во Куманово
(Пренасочено од Плоштад Јосип Броз Тито (Куманово))
Плоштад „Јосип Броз Тито“ ― јавен плоштад во Куманово, Македонија. Плоштадот е посветен на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито. Неговата површина е околу 6,500 м2.
Плоштад „Јосип Броз Тито“ | |
---|---|
Плоштадот „Јосип Броз Тито“ навечер | |
Одржува: | Општина Куманово |
Место: | Куманово, Македонија |
Значајни знаменитости
уредиНајголема знаменитост на плоштадот е композицијата од четири дела, Македонка, споменик на Револуцијата, чии делови се сместени во западниот и југозападниот дел на плоштадот. Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ја прави јужната граница, а трговскиот центар СУМА е на исток. На запад и северозапад се наоѓа плоштадот Нова Југославија, а на север се наоѓаат таканаречените „Скопски дуќани“. Исто така во северозападниот агол се наоѓа споменикот на Јосип Броз Тито.
Список на настани
уредиДатум(и) | Вид на настан(и) | Име на настан(и) | Проц. присуство | Уметник(и) |
---|---|---|---|---|
16 јули 2006 година | Концерт | Кумановски град на културата 2006 година[1] | ? | Калиопи |
9 април 2015 година | Концерт | Источен концерт[2] | ? | Срма |
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Статуата во весник од 1962 година
-
Статуата во 2022 година
-
Источната страна на релјефот посветен на социјалистичката изградба во 2014 година
-
Западната страна на релјефот посветен на социјалистичката изградба во 2022 година
-
Релјефот посветен на илинденскиот период во 2022 година
-
Релјефот посветен на народноослободителната борба во 2022 година
-
Карикатура со плоштадот во весник од 1969 година
Наводи
уреди- ↑ vecer.mk Архивирано на 3 март 2016 г. Концерт на Калиопи во Куманово 15 јули 2006
- ↑ kumanovonews.com Срма со Велигденски концерт во Куманово 09. 04. 2015