Тимотеј I Цариградски

Тимотеј I Цариградски (починал 517) — христијански свештеник кој бил назначен за Цариградски патријарх од страна на византискиот цар Анастасиј I во 511 година.[1]

Првично занимање

уреди

Тимотеј бил христијански свештеник и заштитник на светите реликвии во црквата. За негова заслуга се сметаат две нови литургиски новини, молитвите за време на Велики петок во црквата на девицата и рециталот на симболот на верата при секоја служба, иако заслугата за рециталот исто така се смета за заслуга на Петар Валавничарот. Британскиот историчар Ф. Х. Блекбурн Даниел сметал дека станува збор за човек со лош карактер, бидејќи Тимотеј наводно ги прифатил нехалкедиониските доктрини како дел од амбиција а не од убедување.[1]

Цариградски патријарх

уреди

Тој испратил циркуларни писма до сите епископи, од кој побарал да потпишат документ за смена на Македониј. Некои го сториле тоа, додека други ги го потпишале писмото но не се залагале за смената а некои не го поддржале воопшто. Одредени нехалкедионисти, како што е на пример Јован Никиотски, Патријарх Александриски, чие име било вметнато во диптисите, првично астанал зад него, поради, иако тој го прифатил Хенотиконот, тој не ги отфрлил указите на четвртиот вселенски собор, и од истата причиина истото го сториле и Флавијан II Антиохиски и Илија Ерусалимски.[1]

Тимотеј бил назначен за цариградски патријарх од страна на Анастасиј I во 511 година, ден по смената на Македониј.[1]

Кога Севир Антиохиски станал Патријарх Антиохиски, тој организирал синод кој ја осудил оваа одлука, по што Север почнал да соработува со него. Тимотеј ги испратил указите од неговиот синод во Ерусалим, каде Илија одбил да ги прими. Поради ова Тимотеј се обратил до Анастасиј од кого побарал да се смени ерусалимскиот патријарх.[2] Тој исто така ургирал ксј цар да се гонат и свештениците, монасите и сите оние кои биле лојални на Македони, многу од нив биле протерани во оазата во Тибаида. Неговите пратеници во Александрија анатемизирани од нивната одлука да не го приватат четвртиот вселенски собор. Само по една година од стапувањето на функцијата Тимотеј наредил да се рецитира Трисветата песна заедно со „Кој беше распнат за нас“, што довело до немири во двете цркви, во кои многумина го загубиле својот живот во периодот меѓу 4 и 5 ноември, како и крвавиот бунт кој следел во наредниот ден што скоро довело до смена на царот Анастасија.[1]

Тимотеј починал на 5 април 517 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Daniel 1911.
  2. Daniel 1911 cites Liberat. 18, 19; J. D. Mansi, viii. 375
Attribution
  •   Оваа статија вклучува текст од дело денес во јавна сопственостDaniel, F. H. Blackburne (1911). „Timotheus, patriarch of Constantinople“ . Во Wace, Henry; Piercy, William C. (уред.). Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century (third. изд.). London: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link) cites
Духовни титули
Претходник
Македониј II
Цариградски патријарси
511–518
Наследник
Јован II