Магерски мост

мост во Гребенско, Егејска Македонија

Магерски мост (грчки: Γεφύρι Μαέρης, Παλιομάγερου, Δασυλλίου) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1] Мостот се наоѓа на патот меѓу селата Магер и Лунци кој потоа води за Гребен.[2] Ја преминува Магерска Река (Магериотикос), притока на Праморица. Изграден е во 1910 г. од Николаос Бабалис и Павлос Мурѕиос. Цената на чинење изнесувала 75 златни лири обезбедени од Николаос Косма Ѕамос, митрополитот Јеротеј Сисаниски и месните жители.[1][3]

Магерски мост
Γέφυρα Δασυλλίου
Координати40°9′20.9″N 21°11′24.3″E / 40.155806° СГШ; 21.190083° ИГД / 40.155806; 21.190083
ПреминуваМагерска Река
МестоМагер, Гребенско, Егејска Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина23 м
Ширина3 м
Висина7 м
Најдолг распон12,5 м
Распони1
Историја
Завршен1910
Местоположба
Карта

Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Γεφύρι Της Μαέρης ή Παλιομάγερου“. Τα Πέτρινα Γεφύρια της Ελλάδος. Посетено на 20 јануари 2015.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.
  3. „Οικισμοί Γρεβενών“. Σύλλογος Γρεβενιωτών Κοζάνης "Ο Αιμιλιανός". Посетено на 24 јануари 2015.