Мавзолеј на Георги Димитров

Мавзолејот на Георги Димитров — поранешна церемонијална гробница во центарот на градот Софија, Бугарија, на плоштадот „Кнез Александар I“, помеѓу зградите на Народна банка на Бугарија и Министерството за одбрана.

Мавзолеј на Георги Димитров
Мавзолејот во 1968 г.
Карта
Општи податоци
ГрадСофија
ЗемјаБугарија
Почната1949
Урната1999
Проектирање и изградба
АрхитектГеорги Овчаров

Објектот бил изграден по смртта на Георги Димитров на 2 јули 1949 година, односно до околу 10 јули, кога телото на Димитров било официјално положено во него. Главен архитект на објектот бил Георги Овчаров. Според една од историите за изградбата на мавзолејот, на архитектот му било дадено време од само три дена за проектирање на објектот<[1], но по ова тој проект не бил одобрен од страна на Политбиро на ЦК на БКП. Така, првичниот проект не бил одобрен, и тој значително се разликувал од оној кој подоцна бил изграден. Од двете страни на влезот биле поставени бисти на Димитар Благоев, Георги Кирков, Георги Димитров и Васил Коларов. Мавзолејот бил реконструиран во текот на 1974-1975 година. температурата во објектот била околу 17 степени.

По падот на комунизмот, на 17 јули 1990 година, Министерскиот совет на земјата зела решение за погребување на телото на Димитров на градските гробишта во Софија. Рушењето на мавзолејот започнало на 21 август 1999 година, и истото било завршено по шест дена.

Наводи

уреди
  1. „Мавзолејот, кој го разделуваше народот“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 29 јануари 2011.