Лу Јуен
Љу Банѓу ((упр. кин.: 刘半九; трад. кин.: 劉半九; пинјин: Liú Bànjiǔ) со псевдоним Лу Јуен (кинески: 绿原) (Вухан, 8 ноември 1922 — Пекинг, 29 септември 2009) — кинески преведувач и поет.[1] [2][3][4]
Љу Банѓу | |
---|---|
Изворно име | 刘半九 |
Роден/а | Љу Женфу (刘仁甫) ноември 8, 1922 Округ Хуангпи, Хубеи, Кина |
Починат/а | септември 29, 2009 Пекинг, Кина | (возр. 86)
Псевдоним | Лу Јуен (绿原) |
Занимање | Поет, преведувач |
Јазик | кинески, англиски, германски јазик |
Апсолвент на | Универзитет Фудан |
Период | 1942–2009 |
Жанр | Поезија |
Значајни награди | 1998 Книжевна награда Лу Џун 'Фауст' Струшки вечери на поезијата – Награда Златен венец (1998) Поетски меѓународен Пен клуб – Златна награда (2003) |
Животопис
уредиЛу е роден во округот Хуангпи во градот Вухан, Хубеи во ноември 1922 година.[1][2] [4] Лу дипломирал странски јазици на Универзитетот Фудан во 1944 година.[1] [2] [4] По дипломирањето, тој работел како професор по англиски јазик во Сечуан и Вухан.
Лу започнал да објавува поезија во 1941 година. Во 1949 година Лу ѝ се приклучил на Кинеската комунистичка партија.
По основањето на Комунистичката држава, Лу работел како уредник во Одделот за пропаганда на Комунистичката партија на Кина.
Во 1955 година, Лу бил политички прогонет во контрареволуционерниот случај на Ху Фенг ( Chinese ), во исто време, сам го научил германскиот јазик.[1] [2][4][5]
Во 1962 година, Лу работел во Издавачката куќа Народна литература како уредник. Се пензионирал во 1988 година.
Починал во Пекинг, на 29 септември 2009 година, на 87-годишна возраст.
Творештво
уредиПоезија
уреди- Тоа е нова почетна точка ( Chinese )
- Човечката песна ( Chinese )
- Друга песна ( Chinese )
Проза
уреди- Лихункао ( Chinese )
- Феихуафеиву ( Chinese )
Преводи
уреди- Есеи на Шопенхауер ( Chinese )
- Биографија на Хегел ( Chinese )
- Фауст ( Chinese )
- Макс и Мориц ( Chinese )
Награди
уреди- Книжевна награда – Лу Џун (1998) [6] [7]
- Струшки вечери на поезијата – награда Златен венец (1998)
- Меѓународен поетски Пен клуб – Златна награда (2003) [6]
- Здружение на преведувачи на Кина – компетентен преведувач (2004) [6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 "七月派"诗人绿原逝世. GMW (кинески). 2009. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2023-01-01.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 著名翻译家、诗人绿原逝世. 163.com (кинески). 2009-09-30.著名翻译家、诗人绿原逝世. 163.com (in Chinese). 2009-09-30.
- ↑ "七月派"诗人绿原逝世. ynet.com (кинески). 2009-09-30. Архивирано од изворникот на 2013-12-11. Посетено на 2013-12-04.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 著名诗人、翻译家绿原9月29日凌晨逝世. chinanews.com (кинески). 2009-09-29.著名诗人、翻译家绿原9月29日凌晨逝世. chinanews.com (in Chinese). 2009-09-29.
- ↑ 绿原:为诗受难. iFeng (кинески). 2009-10-16.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 著名诗人绿原患病逝世 决定丧事从简不举行告别仪式. jinghua.cn (кинески). Архивирано од изворникот на 2013-12-13. Посетено на 2009-09-30.
- ↑ Struga Poetry Evenings (2011). „Awards“. Архивирано од изворникот на 2012-08-18. Посетено на 2011-08-31.