Лут спреј — граѓанско гасно оружје за самоодбрана, опремено со солзавец или надразнувачи, наменето за неопходна одбрана од луѓе и за заштита од агресивни животни (кучиња, волци, се произведуваат и посебни спрејови за мечки со зголемен обем и опсег).

Американските морнарички пешадинци поминуваат обука каде што се изложени на лут спреј.

Составни делови

уреди

Активната состојка во лутиот спреј е капсаицин, добиен од растенија како лути пиперки (Capsicum) во облик познат како олеорезин капсикум (OC, oleoresin capsicum). За да се извлече OC од пиперките, најпрво е потребна ситно мелена пиперка. Капсаицинот потоа се екстрахира со помош на органски растворувач како етанол. Откако растворувачот испарува, преостанатата супстанција е восочна смола наречена олеорезин капсаицин.[1]

Дејство

уреди

Лутиот спреј е супстанца што предизвикува воспаление. Тоа влијае на слузницата на очите, носот, грлото и белите дробови.[2] Кога се изложени на лут спреј, луѓето доживуваат непосредни симптоми како што се затворање на очите, тешкотии со дишењето, течење на носот и кашлање.[3] Времетраењето на овие дејства разнообразува во зависност од јачината на спрејот. Вообичаено, целосните ефекти траат помеѓу 20 и 90 минути. Арно ама, иритацијата и црвенилото на очите можат да траат до 24 часа по изложувањето.[4]

Проучувањето објавено во The Journal of Investigative Ophthalmology and Visual Science покажало дека еднократното изложување на окото на OC (олеорезин капсикум, активната состојка во лутиот спреј) не е штетно. Меѓутоа, повторената изложеност може да доведе до долгорочни промени во чувствителноста на рожницата. Истражувачите не забележале трајно намалување на видната острина како последица на изложеност на OC.

Наводи

уреди
  1. [1] Sabre Red. FAQs: What is oleoresin capsaicum? August 2020.
  2. „Top 10 Deadliest Weapons“. ozytive. June 2013. Архивирано од изворникот 2013-09-06.
  3. „Effects Of Pepper Spray“. Redhotpepperspray.com. Архивирано од изворникот 2011-12-17. Посетено на 2011-12-02.
  4. „Top 10 Deadliest Weapons“. ozytive.com. Архивирано од изворникот на December 6, 2017. Посетено на April 29, 2020.

Надворешни врски

уреди