Лумен (единица)
Лумен (симб. lm, лм) е изведена SI-единица за светлосен тек, што изразува вкупното количество видлива светлина што ја зрачи некој извор. Светлосниот тек се разликува од моќта („зрачен тек“) по тоа што ја зема предвид чувствителноста на човечкото око на светлини со различни бранови должини, додека пак зрачниот тек ја претставува вкупната моќ на израчената светлина, независно од тоа како ја гледа окото.
Луменот се дефинира во однос на канделата како
Една топка во целина има просторен агол од 4·π стерадијани,[1], па затоа еден светлосен извор што рамномерно зрачи една кандела во сите насоки има вкупен светлосен тек од 1 cd·4π sr = 4π ≈ 12,57 лумени.[2]
Објаснување
уредиАко светлосниот извор зрачи со јачина од една кандела рамномерно врз просторен агол од еден стерадијан, вкупниот светлосен тек што зрачи врз тој агол ќе биде еден лумен ( 1 cd·1 sr=1 lm ).
Со други зборови, еде изотропен светлосен извор од една кандела зрачи со вкупен светлосен тек од точно 4π лумени. Ако изворот го покриеме со идеално непропусна полутопка, системот ќе зрачи половина од тој тек —само 2π лумени. Светлосната јачина и понатаму ќе биде една кандела, но ќе зрачи само низ непокриениот дел.
Неформално претставено, луменот може да се замисли како мерка за вкупното „количество“ на видлива светлина во одреден сноп или агол, или што го зрачи некој извор. Бројот на кандели или лумени што го зрачи некој извор зависи и од спектарот, преку номиналната чувствителност на човечкото око, претставена со функцијата на светлосна делотворност.
Разликата помеѓу луменот и луксот се состои во тоа што луксот ја зема предвид површината врз која се простира светлосниот тек. Тек од 1000 лумени врз површина од еден квадратен метар дава осветленост од 1000 лукса. Истите 1000 лумени врз десет квадратни метри даваат осветленост од 100 лукса. Математички претставено, 1 lx = 1 lm/m2.
Еден извор што зрачи со моќ од еден ват светлина со боја за која окото е најспособно (бранова должина од 555 nm во зеленото поле), изворот ќе има светлосен тек од 683 лумени. Ова значи дека луменот претставува барем 1⁄683 вати видлива светлосна моќ, зависно од спектралната распределба.
Фотометриски единици во SI
уреди
Величина | Симбол[б 1] | SI-единица | Симбол | Димензија | Белешки | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светлосна енергија | Qv [б 2] | лумен-секунда | lm⋅s | T⋅J | единицата е наречена и „талбот“ | |||
Светлосен тек | Φv [б 2] | лумен (= cd⋅sr) | lm | J | наречен и „светлосна моќ“ | |||
Светлосна јачина | Iv | кандела (= lm/sr) | cd | J [б 3] | основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол | |||
Блескавост | Lv | кандела на квадратен метар | cd/m2 | L−2⋅J | единиците се наречени и „нити“ | |||
Осветленост | Ev | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина врз површина | |||
Светлосна излезност | Mv | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина израчена од дадена површина | |||
Светлосна изложеност | Hv | лукс-секунда | lx⋅s | L−2⋅T⋅J | ||||
Густина на светлосна енергија | ωv | лумен-секунда на кубен метар | lm⋅s⋅m−3 | L−3⋅T⋅J | ||||
Светлосна делотворност | η [б 2] | лумен по ват | lm/W | M−1⋅L−2⋅T3⋅J | сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек | |||
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија |
- ↑ Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
- ↑ Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Вовед во просторните агли“. Посетено на 4 октомври 2010. (англиски)
- ↑ Bryant, Robert H. „Лумени, осветленост, стапк9-кандели и сјајни монистра…“. The LED Light. Архивирано од изворникот на 2008-07-20. Посетено на 4 октомври 2010.