Отвори го главното мени

Лука Дињ (француски: Lucas Digne), (20 јули 1993, Мо) – француски фудбалер, лев бек на Евертон и на француската репрезентација.

Лука Дињ
Lucas Digne, PSG.JPG
Лични податоци
Полно име Лука Дињ
Роден на 20 јули 1993 (1993-07-20) (26 г.)
Роден во Мо, Франција
Држава Франција Франција
Висина 1,78 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 12
Младинска кариера
1999–2002 Мареј сир Урк
2002–2005 Крепи ан Валоа
2005–2011 Лил Лил
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2013 Лил Лил 49 (2)
2013–2016 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 30 (0)
2015–2016Рома Рома 33 (3)
2016–2018 Барселона Барселона 29 (0)
2018– Евертон Евертон 35 (4)
Репрезентација
2008-2009 Франција Франција 16 15 (0)
2009-2010 Франција Франција 17 15 (0)
2010-2011 Франција Франција 18 11 (0)
2011-2012 Франција Франција 19 12 (1)
2013 Франција Франција 20 12 (2)
2013 Франција Франција 21 7 (0)
2014– Франција Франција 14 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 12 септември 2016.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 1 септември 2016

Клупска кариераУреди

ЛилУреди

 
Дињ како играч на Лил во 2012 година

На 27 јули 2010 година, Дињ го потпишал својот прв професионален договор на три години со Лил (до јуни 2013 година), кој во јануари 2012 година бил продолжен до 2016 година.[1][2] Во пресрет на сезоната 2011/2012, Дињ бил промовиран во сениорскиот тим и му бил доделен дресот со број 3. Професионалното деби го имал на 26 октомври 2011 година, на натпреварот со Седан во Купот на лигата во кој Лил победил со 6-1.[3]

Пари Сен-ЖерменУреди

На 17 јули 2013 година, Дињ потпишал петгодишен договор со Пари Сен-Жермен за сума која се верува дека била околу 15 милиони евра.[4][5]

Рома (заем)Уреди

На 26 август 2015, фудбалскиот клуб Рома од италијанската Серија А, соопшти дека го позајмиле Дињ од ПСЖ на една сезона, со можност истата да премине во траен ангажман на крајот на сезоната 2015/2016.[6] Дињ дебитирал за Рома на 30 август 2015 година, одигрувајќи го целиот натпревар против Јувентус на стадионот Олимпико, кој Рома го добила со 2-1.[7]

БарселонаУреди

На 13 јули 2016 година, Дињ потпишал петгодишен договор со Барселона од шпанската Примера дивисион. Вредноста на трансферот била 16,5 милиони евра, со можност да достигне 20,5 милиони во зависност од индивидуалните и тимските резултати.[8] На 14 август 2016 година, Дињ за првпат се појавил во дресот на Барселона во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија.[9]

Репрезентативна кариераУреди

 
Дињ во француската репрезентација под 19 година во 2012 година

Дињ бил репрезентативец на Франција во селекциите П16, П17 и П18 години. Дињ бил дел од француската фудбалска репрезентација на Светското првенство во фудбал 2014 во Бразил. Го носел дресот со број 17 и во третата група, еквадорскиот капитен Антонио Валенсија направил над него фаул за што добил директен црвен картон.

НаводиУреди

  1. Digne et le LOSC liés jusqu'en 2013“, „Lille OSC“, 27 јули 2010. (на француски)
  2. Lucas Digne prolonge jusqu’en 2016“, „Lille OSC“, 10 јануари 2012. (на француски)
  3. Lille v. Sedan Match Report“, „Ligue de Football Professionnel“, 6 октомври 2011. (на француски)
  4. LUCAS DIGNE SIGNS FIVE-YEAR DEAL WITH PARIS SAINT-GERMAIN“, Paris Saint-Germain F.C., 17 јули 2013.
  5. Paris Saint-Germain seals Digne deal“, Goal.com, 17 јули 2013.
  6. Roma complete signing of Lucas Digne“, Associazione Sportiva Roma, 26 август 2015.
  7. ROMA VS. JUVENTUS 2 - 1“, Soccerway, 30 август 2015.
  8. Lucas Digne becomes FC Barcelona’s latest signing“, FC Barcelona, 13 јули 2016.
  9. Mazariegos, Luis (2016-08-15). „Barcelona's Lucas Digne Impresses on Debut vs. Sevilla“. Barca Blaugranes. конс. 2016-08-16. 

Надворешни врскиУреди