Луиз Глик

американска поетеса

Луиз Глик (англиски: Louise Elisabeth Glück; 22 април 1943 - 13 октомври 2023) — американска поетеса. Добитничка на Пулицеровата награда за поезија во 1993 година.

Луиз Глик
Глик околу 1977 г.
Изворно имеLouise Glück
Роден/аЛуиз Елизабет Глик
22 април 1943(1943-04-22)
Њујорк, САД
Починат/а13 октомври 2023(2023-10-13) (возр. 80)
Занимање
  • поет
  • есеист
  • професор
Образование
Период1968–до денес
Значајни делаАхиловиот триумф (1985)
Дива перуника (1992)
Значајни награди

Родена е во 1943 г. во Њујорк. Во 2020 година, ја добила Нобеловата награда за книжевност за нејзиниот „непогрешлив поетски глас што, по својата строга убавина, го прави поединечното постоење универзално.“[1]

Животопис

уреди

Нејзиното целосно име е Луиз Елизабет Глик. Потомок е на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка. Учела на колеџите „Сара Лоренс“ и „Колумбија. Нејзината поезија припаѓа на објективистичката поетика, создадена во текот на 30-тите години на минатиот век, чии главни претставници биле Луис Зуковски, Чарлс Резникоф, Џорџ Опен и Карл Ракоси. Следејќи ја оваа поетика, таа ги третира песните како предмети, истакнувајќи ја сериозноста, интелигенцијата и способноста на поетот да го разбере светот со употреба на обични секојдневни зборови. Во својот есеј „Докази и теории“, таа наведува дека застапува поезија која се приближува до тишината и се граничи со исчезнувањето. Во 1993 година, ја добила Пулицеровата награда за книгата „Дива перуника“. Била поетеса-лауреатка на Конгресната библиотека 2003-2004 година. Во моментов е писател-резидент на универзитетот Јејл и предавач на програмата за творечко пишување на универзитетот во Бостон. Живее во Кембриџ, во државата Масачусетс.[2]

Објавени дела

уреди

Поезија

уреди
  • „Верна и виртуозна ноќ“ (2014)
  • "Песни 1962-2012" (2012)
  • „Рурален живот“ (2009)
  • „Аверно“ (2006)
  • „Седум века“ (2001)
  • „Vita Nova“ (1999)
  • „Пасишта“ (1996)
  • „Дива перуника“ (1992)
  • „Арарат“ (1990)
  • "Ахилов триумф" (1985)
  • "Фигура на потекло" (1980)
  • „Градина“ (1976)
  • „Куќа во мочуриштето“ (1975)
  • "Првороденче" (1968)

Есеи

уреди
  • Американска оригиналност: Есеи за поезијата (2017)
  • Докази и теории: Есеи за поезијата (1994)

Награди и признанија

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Nobel Prize in Literature 2020“. NobelPrize.org. Посетено на 12 октомври 2020.
  2. „Песме и биографија“. Ризом. Посетено на 4 декември 2018.

Надворешни врски

уреди