Лудостите на буржоазијата

„Лудостите на буржоазијата“ (француски: Folies bourgeoises) — француско-италијанско-германски филм од 1976 година, во режија на Клод Шаброл (Claude Chabrol), кој е автор и на сценариото, заедно со Енио Де Кончини (Ennio De Concini). Главните улоги ги толкуваат: Стефан Одран (Stéphane Audran), Брус Дерн (Bruce Dern), Ен-Маргрет (Ann-Margret), Жан-Пјер Касел (Jean-Pierre Cassel), Шарл Азнавур (Charles Aznavour), Марија Шел (Maria Schell), Сидни Ром (Sydne Rome) и Сибил Данинг (Sybil Danning).[1]

Сиже

уреди

Клер де ла Тур Пике е омажена за писател, додека нејзиниот љубовник е угледен издавач. Во еден момент, таа сфаќа дека двајцата ја изневеруваат. Во напад на љубомора, таа бара од сопругот да го напуштат Париз. Меѓутоа, по краткиот престој во едно село, за време на посетата на Crazy Horse, и сопругот станува љубоморен...

Наводи

уреди