Лудвиг Фојербах
Лудвиг Андреас Фојербах (28 јули 1804 — 13 септември 1872 — германски филозоф. Во своите списи постепено се одвојувал од младохегеловците чии гледишта во почетокот ги застапувал, а кои биле изразито идеалистички сосредоточени на развивањето на идеите што Хегел ги изложил во филозофијата на духот, во која централен поим била самосвеста. Потоа застанал на материјалистички позиции, признавајќи ја објективната реалност на светот, неговата првичност и неговиот развиток, кој довел до појавата на човекот. Тој сметал дека предметите и појавите дејствуваат на човековите сетилни органи и како резултат на тоа се појавува психичкиот и духовниот живот. Дури кај него може да се најде такво тврдење дека „човекот е она што го јаде“. Оттука е несомнен неговиот материјализам во онтологијата и сензуализмот и емпиризмот во теоријата на познанието. Неговото влијание врз формирањето на историскиот материјализам на Карл Маркс и Фридрих Енгелс е разработено во Енгелсовото дело „Лудвиг Фојербах и крајот на класичната германска филозофија“.[1]
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947.