Лоран Гунел
Лоран Гунел (француски: Laurent Gounelle, роден на 10 август 1966) — француски специјалист за развој на личноста и писател на бестселери за самообразование.
Лоран Гунел | |
---|---|
Роден/а | 10 август 1966 Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Биографија
уредиЛоран Гунел е роден на 10 август 1966, во семејство на научни работници. Сакал да студира психијатрија, но се откажал. Студирал на Универзитетот Пари Дофин во Париз и завршил економија во 1988 година. Потоа се запишал и завршил постдипломски студии во Сорбона. Започнал работа како сметководител во голема корпорација, но работата не го задоволувала. Недостатокот на контакти го натерало да оди на часови по глума и параглајдерство.
По напуштањето на работа и по краткото занимавање со увоз и извоз, кое завршило неуспешно, се насочил кон психологијата, филозофијата и личниот развој. Студирал социологија и филозофија на Универзитетот во Калифорнија, Калифорнија. Потоа направил неколку патувања во САД, Финска и Бали, за дополнителни испитувања на неврологијата и психологијата, на шаманизмот, и мудроста на источните учења. Станал консултант за човечки односи и ја усовршувал професијата во текот на повеќе од 15 години. Предавал на Универзитетот во Клермон Феран.
Тој го напишал својот прв роман во 2006 година, по смртта на неговиот татко и пред раѓањето на неговото прво дете. Романот „Човекот кој сакаше да биде среќен“ бил објавен во 2008 година и станал бестселер, издаден на 25 јазици ширум светот.
Вториот роман „Бог секогаш патува инкогнито“ од 2010 година, исто така станал меѓународен бестселер, и е особено популарен во Јужна Америка. Лоран Гунел е награден со наградата за „Корпоративен роман“.
Дела
уреди- L'Homme qui voulait être heureux (2008)
- Dieu voyage toujours incognito (2010)
- Le philosophe qui n'était pas sage (2012)
- Le jour où j'ai appris à vivre (2014)
- Et tu trouveras le trésor qui dort en toi (2016)
Надворешни врски
уреди- Откривање на нов роман на Лоран Гунел (француски)