Пештери Лонгмен (кинески 龍門石窟; пинјин: lóngmén shíkū, што значи „Пештера на змејската врата“), познати и како „Шуми на древните стели“ се збир од околу сто илјади фигури на Буда и неговите ученици, врежани во 1.400 вдлабнатини и пештери во карпите на планините Ксијангшан и Лонгменшан, 12км јужно од денешниот град Луојанг, во денешна кинеска провинција Хенан. Тие се едни од најпознатите дела на будистичката уметност, а оваа област некогаш била позната како Јике („Портата на реката Ји“), бидејќи реката минува меѓу исклесаните карпи на двете планини, така да локацијата наликува на традиционалните кинески кули кои стоеле од двете страни на градските порти.[1] 2000-та година, Лонгмен пештерите биле впишани на листата на УНЕСКО на светско наследство во Азија и Океанија како „извонредна манифестација на човековата уметничка креативност, префинетост на оригиналната уметничка форма и како олицетворение на културата на династијата Танг“.

Историја

уреди
 
Панорама на пештерите Лонгмен

Градењето на пештерите Лонгмен започнало во 493 година кога императорот Ксијаовен од династијата Северен Веи, го преселил својот главен град во Луојанг. Во следните векови, изградбата продолжила во неколку фази:

Во првиот период од 493 до 534 година, било интензивно издлабување на отворите, а првата пештера била Гујангдонг (позната и како храмот Шику) која, според пронајдените записи, била издлабена од повеќе од 200 работници. Императорот Ксуанву дал да се издлабат две пештери во спомен на неговиот татко Ксијаовен и една за неговата мајка Венџао. Овие пештери се познати како Трите Бинјанг пештери (Бинјангсандонг) и биле потребни 24 години за да се завршат. После нив биле изградени бројни други на западниот рид кои претставувале 30 проценти од вкупниот број на пештери.[2]

 
Бодисатви од пештерата Лонгмен

Од 524 дo 626 година следел период на забавена градба на помали пештери, поради војна во ова подрачје помеѓу две кинески династии, Суи (581-618 година) и Танг (618-907 година).

Династијата Танг (626 година) на својот врв, го започнала третиот период, во кој кинескиот будизам повторно процветал. Во овој период бил достигнат уметнички врв во изградба на пештерите Лонгмен, особено за време на владеењето на императорот Гао Зонг и императорката Ву Цетјен, кои делумно живееле во Луојанг. Овој период најдобро е претставен со групата џиновски фигури на пештерата Фенгксианси, кои се сметаат за ремек-дела од светско значење. Во овој период, на двата рида биле изградени бројни пештери со различна големина кои сочинуваат околу 60% од вкупниот број на пештери во Лонгмен. Тогаш биле изградени и бројни будистички храмови во живописниот крајолик. Денес од нив останале само урнатини, но сепак тие се сé уште важен дел од комплексот.

Последниот период, од 755 до 1127 година, за време на доцниот период на династијата Танг и за време на династијата Северен Сонг, имало периоди на мали градби. По бунтот во 8 век и окупацијата на Лонгмен, ова подрачје више никогаш не се опоравило. Потоа следувал периодот на династиите Џин и Јуен, во кое време воопшто не се работело на пештерите Лонгмен.

За време на династиите Минг (1368-1644 година) и Ќинг (1644-1912 година), Лонгмен пештерите биле препознаени по нивната уметничка, културна вредност и како национални богатства, кои почнале да ги истражуваат. Во текот на 1940-тите, некои камени скулптури беа украдени и прошверцувани во странство, а со формирањето на Народна Република Кина тие добиле државна заштита.

Карактеристики

уреди
 
Странични фигури на Гујангдонг
 
Храмот Фенгсијан

Во Лонгмен има околу 100.000 скулптури, чија големина е 25 mm до 17 m, а има и речиси 2.500 стели со натписи и повеќе од 60 будистички пагоди. Пештерите, врежани во опсег од 1 км од двете страни на реката, се наоѓаат во живописен пејзаж. Околу 30% од нив потекнуваат од времето на Северната династија Веи, а 60% од времето на династијата Танг, додека само 10% потекнуваат од подоцнежните периоди на кинеската историја.

Гујангдонг

уреди

Гујангдонг или „Старосончевата пештера“ е најстарата и воедно најголемата пештера на Лонгмен. Се наоѓа во централниот дел на Западниот рид и се состои од три големи ниши поставени во форма на потковица,[3] со централна голема фигура на Шакјамуни Буда и бодисатви на двете страни од него. Од двете страни на нишите и во пештерите има околу 800 натписи, што е најголем број пронајдени на едно место во Кина. На јужниот и северниот ѕид на пештерата има два реда ниши во кои има голем број сцени со натписи кои ги опишуваат причините за нивното создавање.

Храмот Фенгксиан

уреди

Храмот е изграден за династијата Танг, и е најголема пештера во Лонгмен со висина од 36 метри и должина од 41 метар. На него се издлабени девет главни фигури со различни изрази на лицето во согласност со будистичкиот ритуал и однос на уметникот.

Најпозната е статуата Ваирокана Буда која седи со скрстени нозе на октагонален лотос трон. Тој е висок 17,14 метри, со глава висока четири метри. Ваирокана во Сутра значи „осветлување на сите нешта“. Ликот на Буда е исполнет со благост, а неговата елегантна насмевка е љубезна и света. Според натписот на епиграфот, царицата Ву Цетјен, заедно со нејзините слуги, учествувала во „церемонијата на воведување на светлината“ (будистички благослов со кој Буда ја отвора духовната светлина што ја споделува со другите).

Од двете страни на Ваирокана стојат две статуи на неговите ученици, Касјапа и Ананда, кои на лицата имаат мудри и побожни изрази. Во храмот се наоѓаат и фигури на бодисатви и деви. Некои имаат достоинствени и замислени изрази, додека други се величествени и огнени.

Пештерата Ванфо (Три Бинјанг пештери)

уреди

Пештерата Ванфо од 680 година (династија Танг) се состои од две простории со квадратни рамни покриви. Името го добила по 15.000 статуи на Буда врежани во јужните и северните ѕидови на пештерата. Главниот Амида Буда седи на лотос престол и има сериозно и свечено лице. Ѕидот зад Амидо е украсен со 54 лотоси на кои има 54 бодисатви во различни пози и со различни изрази на лицето. Покрај тоа, на ѕидот има верни релјефи на шармантни пејачи и танчери. Пејачите се претставени со различни инструменти, а танчерите како танцуваат лесно и грациозно на музиката. Целиот амбиент во пештерата создава жива и весела атмосфера. На јужниот ѕид надвор од пештерата е издлабена статуа на Кван-Јин висока 85 см, држејќи проѕирно шише во левата рака и опашка од елен (како симбол на чистење на духот) во десната.

Наводи

уреди
  1. „Longmenske špilje“. Henan: China.org.cn. Посетено на 6. kolovoz 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Robert D. Fiala, Historical Architecture, Longmen Grottoes (англиски) preuzeto 7. kolovoza 2011.
  3. Lagerwey, John; Lü, Pengzhi (2009-10-30). Early Chinese Religion: The Period of Division (220-589 Ad) (англиски). BRILL. ISBN 978-90-04-17585-3.

Поврзано

уреди