Лого на човековите права

Лого на човековите права — лого чие потекло е од иницијативата за меѓународно „лого за човековите права“, која започнала во 2010 година. Нејзината цел била да се создаде меѓународно препознатливо лого како поддршка на глобалното движење за човековите права. Победничкото лого било создадено од Предраг Стакиќ од Србија.[1]

Лого на човековите права

Победничко логоУреди

Логото на човековите права спојува силуета на рака со птица и бел прст, кој ја зграбува птицата. Избраното лого е мировен придонес кон зајакнување на човековите права и како такво треба да се користи низ културните и јазичните граници. Денес, логото е достапно на сите без трошок како производ со отворен код. Нема авторски права и секој може да го користи без плаќање такси или обезбедување лиценци.[2]

КонкурсУреди

Целта на иницијатива за лого на човековите права била да се создаде меѓународно препознатлив симбол за човекови права. На 3 мај 2011 година (Светски ден за слобода на печатот) започнал меѓународен семрежен конкурс за дизајн, со можност за глобални пријави и ставање на истите на гласање. Конкурсот бил еден од најголемите, најкомплексни креативни краудсурсинг проекти некогаш спроведени.

Од повеќе од 15.300 пријави од над 190 држави биле избрани најдобрите сто логоа, по што меѓународно жири одлучило за најдобрите десет логоа.[3] Од овие 10 логоа, заедницата на интернет го одбрала победникот со гласање во период од три недели.[4] Конкурсот официјално завршил на 23 септември со презентација на универзалното лого за човекови права во текот на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

Презентација на победничкото логоУреди

Презентацијата на победничкото лого се случила на 23 септември во Њујорк, при што настанот го водел поранешниот уредник на списанието „Тајм“, Мајкл Елиот.

Во говорите, телевизискиот новинар Ен Кари и германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, како и активистите за човекови права Каролин Гомес од Јамајка и Ангелина Атјам од Уганда, ја истакнале важноста на универзален симбол во светот за борба за човековите права. Вечерта била заокружена со изведба на сопраното Џеси Норман.

ЖириУреди

Иницијативата била поддржана од жири на познати личности, кои работеле на човековите права. Тоа биле:[5]

Покрај членовите на жирито, министрите за надворешни работи на државите (Босна и Херцеговина, Канада, Чиле, Чешка, Германија, Маврициус, Сенегал, Сингапур и Уругвај) се партнери на иницијативата.[3]

НаводиУреди

  1. „Serbian designer wins competition for a global human rights logo“.
  2. Jana, Reena (27 август 2011). „A logo for human rights“. SmartPlanet.
  3. 3,0 3,1 „German Embassy Kampala - A Logo for Human Rights“. Kampala.diplo.de.
  4. „A Logo for Human Rights“. Ishr.ch. 10 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2 мај 2012. Посетено на 13 мај 2012.
  5. „Human Rights Logo.net“.

Надворешни врскиУреди