Аунг Сан Су Чи
Аунг Сан Су Чи - политичарка од Мјанмар.
Животопис
уредиСу Чи е ќерка на генералот Аунг Сан, еден од творците на независноста на Бурма, кој бил убиен во 1947 година. Во едно интервју за „Би-би-си“, таа го опишала својот татко како „мојата прва љубов и мојата најголема љубов“.[1] Повеќе од две децении, Су Чи била политички затвореник поради борбата за демократизација на Мјанмар, а 15 години поминала во домашен притвор. За тоа време, според нејзиното признание, таа наоѓала утеха читајќи ги делата на Џорџ Елиот, Виктор Иго и Ана Ахматова, а нејзината омилена книга биле патописите на Ребека Вест, „Црно јагне и сив сокол“ за Југославија пред Втората светска војна. За својата политичка борба, во 1991 година ја добила Нобеловата награда за мир, која ја прифатила дури во 2012 година. Во 2016 година, по демократските парламентарни избори, Су Чи била избрана на функцијата државен советник (што одговара на местото премиер), затоа што уставот ѝ забранува да биде претседател на Мјанмар поради тоа што членови на нејзиното семејство се странски државјани. За време на нејзината власт, по повод етничкото чистење во Мјанмар, Су Чи била оосудена од светската јавност за нејзиното премолчување, а ширум светот била иницирана петиција, потпишана од стотици илјади луѓе, со барање да ѝ биде одземена Нобеловата награда.[2]
Наводи
уреди- ↑ Љупчо Поповски, „Мјанмар - Етничко чистење и моралниот пад на нобеловката за мир“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 80.
- ↑ Љупчо Поповски, „Мјанмар - Етничко чистење и моралниот пад на нобеловката за мир“, Економија и бизнис, година 19, број 232, октомври 2017, стр. 78-79.