Ли Чангчуен
Ли Чангчуен (кинески: 李长春, пинјин: Lǐ Chángchūn; р февруари, 1944 во Даљен, Љаонинг) — поранешен началник за пропаганда[1] на ЦК на Комунистичката партија на Кина[2]. Со оваа функција тој се рангира на 5-то место во Постојаниот комитет на Политбирото на КПК, де факто врховниот орган на власта во Кина, каде членува од 2002 г. Пред тоа служел како управник на покраините Љаонинг и Хенан.
Животопис
уредиДипломирал електротехника на Харбинскиот технолошки институт во 1966 г.
Во 1983, на возраст од 39 години станал најмладиот градоначалник и партиски секретар на позначаен град во земјата - Шенјанг, главниот град на Њаонинг. Во 1987 станал управник на покраината, и на функцијата се задржал сè до 1990 г. Под негово раководство, во покраината е изграден првиот експресен автопат во Кина, поврзувајќи ги градовите Шенјанг и Даљен.
Во 1990-тите Ли за кратко време служел како партиски шеф на земјоделската покраина Хенан. Потоа се преселил во Гуангдунг и станал тамошен покраински секретар на партијата и предводел стопански реформи.
Во 1998 Ли бил унапреден и назначен за член на Политбирото на КПК (повторно најмлад од сите членови), а во 2002 г. станал и член на Постојаната комисија, откако заминал во пензија генералниот секретар на КПК Џанг Цемин. Моментално Ли нема друга државна фукција.
Во 2013 г. ја напуштил функцијата.
Наводи
уреди- ↑ поточно „Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација“
- ↑ „Форбс“. „Бр. 19: Ли Чангчуен“. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Биогарфија на Ли Чангчуен Архивирано на 20 април 2006 г. — China Vitae (англиски)