Лихтенштајнски замок (Германија)
Лихтенштајнскиот замок (герм. Schloss Lichtenstein) е замок во стил на бајките сместен на карпа близу Хонау во општината Лихтенштајн во Баден-Виртемберг, Германија. Името на замокот значи „светол камен“.
На ова место постоел замок од околу 1200 г. Двапати бил уриван, еднаш во војната во 1311 г. и еднаш со опсада од страна на градот-држава Ројтлинген во 1381 г. По второто уривање замокот не бил обновен и така останал во рушевини.
Во 1802 г. земјата преминала во сопственост на виртембершкиот крал Фридрих I, кој тука изградил ловечки дом. Во 1837 г. земјиштето му припаднало на неговиот внук војводата Вилхелм од Урах, гроф од Виртемберг, кој се инспирирал од романот „Лихтенштајн“ од Вилхелм Хауф[1] и го изградил сегашниот замок во периодот 1840–42 г. Романтичарскиот неоготски стил на замокот е замисла на архитектот Карл Александар Хајделхоф.
Денес замокот е сè уште во сопственост на војводите од Урах, но прима посетители. Во него има мошне голема збирка од средновековно оружје и оклопи.
ГалеријаУреди
Замокот на форографија со високодинамичен опсег
ПоврзаноУреди
„Лихтенштајнски замок“ на Ризницата ? |
- Нојшванштајн
- Лихтенштајнски замок - истоимен замок во Австрија
НаводиУреди
- ↑ „Лихтенштајн“ од Вилхелм Хауф, Проект Гутенберг (германски)
Надворешни врскиУреди
- Страница на замокот Архивирано на 2 април 2010 г. (англиски)
- За замокот - културни богатства на Германија Архивирано на 11 март 2007 г. (англиски)
- Лихтенштајнски замок: Слики и карта (англиски)
Координати: 48°24′24″N 9°15′29″E / 48.40667° СГШ; 9.25806° ИГД