Лилијан Харви

Лилијан Харви (родена како Хелен Лилијан Муриел Папе, на 19 јануари 1906 година - починала на 27 јули 1968 година [1] ) е англо-германска глумица и пејачка, која долго престојувала во Германија, каде што е најдобро позната по нејзината улога како Христел Вајнцингер во еден филм на германскиот режисер Ерик Харел од 1931 година,

Ран животУреди

Харви е родена во 1906 година во Крауч Енд, северен Лондон. Нејзината мајка, Етел Марион (Лаутон), била англичанка, а нејзиниот татко, Валтер Бруно Папе, бил германски стопанственик. На почетокот на Првата светска војна семејството се преселило во Магдебург, и бидејќи немале желба и не можеле да се вратат во Англија, Харви била испратена да живее со нејзината тетка во Солотурн во Швајцарија. По војната, семејството живеело во Берлин, каде што Лилијан ја земала својата средношколска диплома ( Абитур ) во 1923 година. Таа ја започнала својата кариера со учество во танцовата и гласовна школа во Берлинската државна опера и исто така подозна таа го зела името на нејзината баба (Харви) како нејзино презиме.

 
Лилиан Харви, фотографирана од Александар Биндер . Колекција EYE филмски институт во Холандија .

Приватен животУреди

Од 1953 до 1957 година, Харви била во брак со данскиот театарски агент Хартвиг Валур-Ларсен.

СмртУреди

Лилиан Харви умрела поради проблеми со црниот дроб на 27 јули 1968 година во Хуан-ле-Пинс, на возраст од 62 години.[1] Таа била погребана на гробиштата Робијак во Антиб .

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Lilian Harvey, Actress, Dead. Star of 'The Congress Dances'. Popular Screen Performer of the 20s and 30s. Operated Souvenir Shop in Antibes“. New York Times. 28 July 1968. Посетено на 2010-03-19. When Lilian Harvey, the film actress, was at the height of her career before World War II, a smitten Hungarian nobleman offered her a castle and a whole village to go with it. Miss Harvey died in this Riviera town today, ill and forgotten. She was 61 [sic] years old....

Надворешни врскиУреди