Либиско Море
Либиско Море (грчки: Λιβυκόν πέλαγος, латински: Libycum Mare, арапски: البحر_الليبي) — дел од Средоземното Море северно од африканскиот брег на Libya, i.e. Киренајка и Мармарика (крајбрежјето на денешна источна Либија и западен Египет, меѓу Тобрук и Александрија).[1] Поимот се среќава кај географите во стариот век, кои така го нарекувале јужното Средоземје, но и меѓу денешните патописци и картографи.[2] Јужниот брег на Крит кој излегува на Либиското Море ги опфаќа венецот Астерузија и низината Месара; на ова подрачје се среќаваат многу населби од бронзено време како што се градовите Комос, Агија Тријада и Фест.[3]
Освен Крит во Либиското Море се наоѓаат и островите Гавдос, Гавдопула, Куфониси и Хриси.
На исток од Либиското Море се наоѓа Левантското Море, на север Јонското Море, и на запад Сицилискиот Проток.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ George Ripley and Charles Anderson Dana, The New American Cyclopaedia: A Popular Dictionary of General Knowledge, 1861, D. Appleton and Co.
- ↑ Crete Map, Eastern Crete Development Organization (2004) Fotis Serfas
- ↑ C.Michael Hogan, Phaistos fieldnotes, The Modern Antiquarian, 2007
Оваа статија место во Либија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија место во Грција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |