Сицилиски Проток или Сицилиски Канал (италијански: canale di Sicilia', stretto di Sicilia; сицилиски: canali di Sicilia, strittu di Sicilia; арапски: مضيق صقلية) — проток помеѓу Сицилија и Тунис.[1][2] Широк е 145 км и ги двои Тиренското и западното Средоземно Море од источниот дел на Средоземјето. Достигнува најголема длабочина од 316 м.

Сицилискиот Проток на карта.

Во протокот течат длабоки струи од исток кон запад, и поплитки од запад кон исток. Овој необичен тек е од интерес за океанографијата.[3]

Низ протокот сообраќаат траекти меѓу Сицилија и Тунис.

Во средината на протокот се наоѓа островот Пантелерија, кој управно ѝ припаѓа на покраината Трапани, Италија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Strait of Sicily, Britannica Atlas, Encyclopædia Britannica, Chicago (U.S.A.), 1989. стр. 36, Географски координати 37.20N 11.20E.
  2. Scott C. Truver (1980), The Strait of Gibraltar and the Mediterranean, Springer, 1st edition.
  3. Allan R. Robinson, Wayne G. Leslie, Alexander Theocharis, Alex Lascaratos. „Mediterranean Sea Circulation“ (PDF). robinson.seas.harvard.edu.

Надворешни врски

уреди

37°12′N 11°12′E / 37.20° СГШ; 11.20° ИГД / 37.20; 11.20