Ефрем Сирин
Ефрем Сирин е христијански светец.
Ефрем Сирин | |
---|---|
Роден(а) | 306, Нисибија |
Починал(а) | 9 јуни 373, Едеса |
Почитуван(а) во | христијанство |
Слава | 28 јануари (Православие, Источнокатоличка црква) 9 јуни (Римокатоличка црква) |
Роден e во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Бил ученик на Свети Јаков Нисибиски. Ефрем непрестајно или пишувал книги, или усно ги поучувал монасите во манастирот и народот во градот Едеса, или пак самиот се предавал на молитва и размислување. Има напишано голем број на книги. Најпозната му e “Господи и Владико на мојот живот”. Кога сакале со сила да го земат за епископ, тој се направил безумен и почнал да трча низ градот Едеса влечејќи ја по себе својата облека. Кога го виделе тоа луѓето, се откажале од намерата. Бил современик и пријател на Свети Василиј Велики. Починал во 373 година[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 28 јануари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 38