Лео Таксил (француски: Léo Taxil, роден на 21 март 1854 во Марсеј - починал на 31 март 1907 во Со) — француски писател и новинар, познат антиутопист и автор на бројни антирелигиозни пародии. Лео Таксил вусшност е псевдоним за Мари Жозе Габриел Антоан Жоган Пажес.

Лео Таксил
Роден/а21 март 1854
Марсеј, Франција
Починат/а31 март 1907
Со, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Биографија

уреди

Рани години

уреди

Лео Таксил е роден на 21 март 1854 во Марсеј, Франција. Кога наполнил пет години бил испратен во Језуитско училиште. Откако своето детство го поминал таму, тој останал разочаран од католичката вера и започнал да ја гледа религиозната идеологија како општествено штетна.

Смешна Библија

уреди

Лео Таксил ја стекнал својата слава со своите антиверски и антикатолички дела во периодот 1879 - 1884 година[1], во кои го исмева јудаизмот и заснованото на него христијанство, станувајќи и автор на „La Bible amusante“ („Смешна Библија“), која претставува пародија на Стариот завет, како и на „La Vie de Jesus“ („Животот на Исус“, која претставува пародија на Новиот завет. Во овие дела Таксил укажува на неконзистентноста, на грешките и лажните верувања презентирани во овие религиозни дела. Во своите други дела, како Les Debauches d'un confesseur (со Шарл Мило), Les Pornographes sacrés: la confession et les confesseurs, и Les Maîtresses du Pape, Таксил ги опишува водачите на Католичката црква како хедонистички суштества. Во 1879 година тој бил обвинет за неговиот памфлет „A Bas la Calotte“ од страна на државата за навреда на религијата , но тој бил ослободен.

Измама на Таксил

уреди

Во 1885 година се одрекол од претходните дела бидејќи го прифатил католицизмот. Во следниот период започнал да пишува против масоните и скриените приврзаници на сатанизмот меѓу следбениците на темпларите во Франција[2]. Неговите дела доживеале неверојатен успех кај читателите. Во 1896 година станал еден од организаторите на Антимасонскиот црковен конгрес во Тренто[2], но набргу потоа (на 19 април 1897 година) изјавил за Париското географско друштво дека ја изиграл црквата со својата побожност заедно со двајца свои пријатели во текот на 12 години.

Дела

уреди
  • La Vie de Jesus
  • La Bible amusante
  • Les Débauches d'un confesseur
  • Les Pornographes sacrés: la confession et les confesseurs
  • Les Maîtresses du Pape

Наводи

уреди
  1. The History Channel, Mysteries of the Freemasons: America, video documentary, August 1, 2006, written by Noah Nicholas and Molly Bedell
  2. 2,0 2,1 Story of Freemasonry by W. G. Sibley, p. 35, Kessinger Publishing, LLC (April 1, 1996), ISBN 1564598225

Надворешни врски

уреди