Бајконур

(Пренасочено од Ленинск)

Бајконур (казашки: 'Байқоңыр'; руски: Байконур), порано познат како Ленинск, е град во Кизилордската област на Казахстан, изнајмен и управуван од Русија. Бил изграден со цел да го опслужува космодромот Бајконур и бил официјално преименуван во Бајконур од страна на Борис Јелцин на 20 декември 1995.

Бајконур
Байқоңыр
Поглед на Бајконур
Амблем на Бајконур
Амблем
Бајконур is located in Казахстан
Бајконур
Бајконур
Местоположба во Казахстан
Координати: 45°37′0″N 63°19′0″E / 45.61667° СГШ; 63.31667° ИГД / 45.61667; 63.31667
Држава Казахстан  Русија - изнајмен и управуван
ОбластКизилродска
Основан1955
Вклучен (град)1966
Површина
 • Вкупна57 км2 (22 ми2)
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2006)
 • Вкупно70.000
Час. појасUTC+6 (UTC+6)
Поштенски код101503
Повик. бр.+7 73622
ISO 3166-2BAY

Формата на изнајменото подрачје е елипса, со големина од 90 километри во правец исток-запад, и 85 километри север-југ, со космодромот во центарот.

Оригиналниот Бајконур е рударско гратче неколку стотици километри на североисток, близу Џезказган во казашката област Карганди. Ова име било дадено на лансирната станица со цел да се предизвика забуна и да се зачува локацијата тајна. Овој град бил специфичн избран бидејќи траекторијата на летот на ракетите кои се користеле за лансирање на многу советски сателити, вклучувајќи го и првиот Спутник, поминувале близу над него. Името Бајконур на казачки значи богато кафеаво, т.е. плодна земја со многу билки. Сепак, железничката станица таму, која е постара од базата, го има зачувано своето старо име - Тјуратам.

Советската влада го основала научно-истражувачкиот полигон за проби (НИИП-5) со одлука донесена на 12 февруари 1955. Првите фотографии од полигонот за тестирање на ракети Тујуратам (или космодромот Бајконур) биле направени од страна на извидувачки авион од типот U-2 на 5 август 1957. Видете композитна сателитска снимка на лансирниот комплекс Тјуратам во рана фаза на развој заедно со космодромот (30 мај 1962).

Бајконур и реката Сирдарја.

Поврзано

уреди
 
Казачко момче со камила во Бајконур

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди